Прашања кои ќе ви помогнат да го пронајдете сопствениот стил

Коко Шанел еднаш има изјавено - „Модата поминува, но стилот останува“ и може целосно да се согласиме со овој став.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-01.jpg

Но, за да може да живеете според ова мото, важно е првенствено да имате сопствен стил кој ќе го негувате.

Сепак, сигурно многупати ви се случило да изнакупувате работи кои воопшто не ви се неопходни и лутате со различни парчиња облека во плакарот.

Токму затоа, потребно е прво да го одредите конкретно и прецизно вашиот стил, како и облеката која ви одговара најмногу.

За полесно да сфатите кој стил ве карактеризира, следниве прашања и одговорите на нив, ќе ви помогнат во тоа.

Како се гледам себеси и кои квалитети сакам да ги нагласам?

Кога сте во потрага по сопствениот стил, многу е важно да знаете дека изгледот е рефлексија на вашата внатрешна личност.

Дали сакате да бидете сериозни и интелигентни? Или сакате да изгледаше неофицијално? Сакате да ја нагласите вашата природна скромност?

Според тоа како сакате да изгледате, така одберете го стилот, а другите ќе видат што имате да кажете за себе.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-02.jpg

Кој ме инспирира?

Најлесен начин да дознаете кој е вашиот стил е да одберете некој на чиј стил веќе долго време се восхитувате.

Дали тоа ќе биде елегантноста на Моника Белучи или модерните и шик комбинации на Оливија Палермо, или некоја сосема трета личност.

Тоа може да биде и некој ваш познаник, но тоа не значи да почнете да ги купувате истите работи, туку само да ви послужи како инспирација за сликата и впечатокот кој го остава.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-03.jpg

Во кои бутици најмногу сакам да купувам?

Сигурно имате една или повеќе продавници во кои секогаш влегувате, па дури и да не купите ништо.

Што ве привлекува најмногу? Зошто постојано одите прво таму? Каков тип на купувачи има во таа продавница? Одговорите ќе ви помогнат да разберете кои се работите кои најмногу ви се допаѓаат.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-04.jpg

Каква облека носам цело време?

Време е да погледнете кон вашиот стил од практичен аспект. По правило, има 5-10 работи кои ги носиме на неделно ниво и постојано ги менуваме.

Па затоа, за да се заштитите од непотребни трошоци, а да не бидете постојано во истото, направете листа на работи кои ги носите.

Размислете како можете да направите разновидност во плакарот но со слична облека во стилот кој го сакате и негувате.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-05.jpg

Кои работи никогаш нема да ги носам?

Кога ќе одлучите во која насока оди вашиот стил, важно е да одредите и која облека никогаш не би ја ставиле на себе, независно од тоа колку е модерна.

Секако, добро е да се следи модата, но не по секоја цена, па да заборавите на вашиот личен стил во потрага по модните трендови.

Пред да купите нешто што е моментално моден хит, размислете дали ќе се чувствувате удобно во тоа парче облека.

prashanja-koi-kje-vi-pomognat-da-go-pronajdete-sopstveniot-stil-06.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
6 парчиња облека кои треба да ги носите на одмор за да ги „украдете“ сите погледи Ако сте од оние кои на одмор сакаат да бидат средени и дотерани, но не знаете шт...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Сопругата на Тарик Филиповиќ е стилска дама каде и да се појави – од пустина до црвен тепих Пред речиси 30 години ѝ ја одземаа титулата Мис Хрватска, но и без неа, таа прав...
Смели модни комбинации во боја за дамите кои не сакаат да бидат како во униформа Дали во вашиот плакар има само класични, едноставни парчиња облека или доминираа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg