Хит оделото од Zara кое го имаат сите блогерки
Нема потреба за објаснување зошто секоја модерна жена би требало на располагање да има барем едно класично одело. Но, зошто оваа пролет сите блогерки го одбираат небесно синото одело од Zara?
Модните блогерки на Инстаграм веќе на големо се фалат со својот нов моден избор со кој ќе ја дочекаат проблетта.
Се работи за широките панталони и сакото со двоен ред копчиња во пастелно сина боја.
Некои го комбинираат со други силни бои, а некои се препуштаат на неутралните нијанси. Дел го комбинираат со патики и лежерни маички, додека некои го носат со штикли и елегантни аксесоари.
Со сигурност ја имаме алтернативата за здодевното црно или тегет одело:
М. Д. | Црнобело