Женски модни додатоци кои можат да го надополнат сечиј стил

Во плакарот на секоја дама со стил треба да има добра чанта, голем паричник, како и квалитетен чадор за дождливите денови.

modni-dodatoci-koi-mozat-da-nadopolnat-secij-stil-2.jpg

Модните додатоци се неизоставен дел од женскиот стајлинг, а уште подобро е кога истите се функционални.

Кога се во прашање чантите, малите се секогаш во тренд, а ефектот е уште посилен доколку се во впечатливи бои или со украсна рачка што го привлекува вниманието.

modni-dodatoci-koi-mozat-da-nadopolnat-secij-stil-3.jpg

Во исто време, секоја дама треба да поседува и голема чанта, што дури и потсетува на помала патна торба. Така можете да носите сѐ што ви е потребно, а истата одговара и на секојдневен и на деловен стајлинг.

modni-dodatoci-koi-mozat-da-nadopolnat-secij-stil-4.jpg

Чанта во форма на ранец исто така го надополнува секојдневниот изглед. Изберете го обликот, материјалот и бојата кои одговараат на вашиот стил на облекување.

modni-dodatoci-koi-mozat-da-nadopolnat-secij-stil-5.jpg

Дури и кога патувате, тоа треба да го правите со стил. Така, пронајдете стилска патна торба која ќе додаде елеганција на вашиот изглед.

modni-dodatoci-koi-mozat-da-nadopolnat-secij-stil-6.jpg

Паричникот исто така треба да го отсликува вашиот стил, но стовремено и да е функционален. Изберете дизајн што ви се допаѓа и проверете дали има доволно прегради за банкноти, монети, но и за сите оние визит-карти, платежни картички, ваучери и клуб-картички за попусти во вашите омилени продавници.

modni-dodatoci-koi-mozat-da-nadopolnat-secij-stil-7.jpg

Чадорот е секогаш потребен. Можете да имате еден помал, за во чанта, но големиот, цврст и квалитетен чадор е исто така задолжителен, за и во најдождливиот ден да се чувствувате убаво и модерно.

modni-dodatoci-koi-mozat-da-nadopolnat-secij-stil-8.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
5 типа маникир кои делуваат кич (и како да изберете подобра алтернатива) Неонски бои, црн лак - некои трендови во маникирот треба да се заменат со нови, ...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg