„Очилата на баба“ остануваат хит аксесоар и оваа година
Гик-очилата минатата година ги гледавме насекаде - од Кендал Џенер до Емили Ратајковски, и тогаш кога мислевме дека по големата масовност ќе опадне нивната популарност, тие станаа уште поголем хит.
Така, во 2018 година овие очила чиј облик на рамка е инспириран од очилата на нашите баби, продолжуваат да ги освојуваат срцата на славните дами и трендсетерките.
Поддржувачите на високата мода се доказ дека идејата за гик-шик варијанта нема намера да ја напушти сцената, напротив таа само ја зацврстува својата позиција на врвот.
Па доколку сакате да бидете во мода, приклучете се на еден од најголемите модни трендови за 2018 и набавете си еден од следниве гик-шик модли на очила:
С. У. | Црнобело