Французинките советуваат: Бирајте и купувајте долна облека како вистинска дама

Кога ќе помислиме на Французинка, секогаш замислуваме убава, негувана жена која прекрасно мириса, а на која секое парче облека ѝ е внимателно избрано и искомбинирано.

francuzinkite-sovetuvaat-birajte-i-kupuvajte-dolna-obleka-kako-vistinska-dama-2.jpg

Интересно е што тие не обрнуваат внимание само на тоа како изгледаат во јавност, туку и како изгледаат пред самите себе дури и тогаш кога се во долна облека.

Креативната директорка на „Журнел“, Ранија Абу-Ед, открива какви навики имаат Французинките кога избираат долна облека за себе.

Сменете го мислењето за долната облека

Французинките трошат 20% од нивниот испланиран буџет за облека само на долна облека. Тие велат дека навистина е важно да се чувствувате убаво и со она што го носите под дневната облека.

Затоа, обрнете внимание кога бирате градник или гаќички и најдете го тоа што најдобро ви прилега.

francuzinkite-sovetuvaat-birajte-i-kupuvajte-dolna-obleka-kako-vistinska-dama-3.png

Носете секси долна облека пред сѐ заради себеси

Многу жени ги чуваат поубавите парчиња на долна облека за посебни пригоди, особено кога се во друштво на својот партнер.

За разлика од нив Французинките носат секси долна облека секојдневно, и за секоја пригода – тие едноставно сакаат да се чувствуваат добро секој момент кога ќе се погледнат во огледало.

francuzinkite-sovetuvaat-birajte-i-kupuvajte-dolna-obleka-kako-vistinska-dama-4.jpg

Купувајте комплети

Квалитетни парчиња долна облека усогласени меѓу себе можат да бидат тајната на секоја жена која е самоуверена и подготвена за сите предизвици. Формулата е едноставна, купете три пара гаќички за секој градник што го поседувате.

francuzinkite-sovetuvaat-birajte-i-kupuvajte-dolna-obleka-kako-vistinska-dama-5.jpg

Купувајте квалитетни пижами и ноќници

Освен надвор, Французинките пленат со стил и кога одат на спиење. Спиењето во квалитетна пижама од пријатен материјал е едно од најдобрите чувства на светот.

Па, доколку сакате истовремено да чувствувате удобност и елеганција, одвојте малку поголем дел од својот буџет и внесете луксуз во моментите кои ги поминувате во постела.  

francuzinkite-sovetuvaat-birajte-i-kupuvajte-dolna-obleka-kako-vistinska-dama-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg