4 трендови на шапки кои ќе доминираат во 2018-та
Без разлика на тоа што најчесто ги користиме за заштита од студеното време или од јакото сонце, капите се многу повеќе од тоа.
Шапките се столб на тренди изгледот и тие всушност на одреден начин ја диктираат модата, од сезона во сезона.
Навистина е потребна храброст на одреден настан да се појавите со рибарско капче, или да прошетате по улица со каубојски шешир. Но, верувале или не оваа година ваквите шапки ќе ги гледаме насекаде околу нас.
Па, доколку сакате да се подготвите за тренди прошетка, погледнете кои шапки ќе доминираат во модниот свет оваа година.
Кожена моторџиска капа
Оваа капа е дефинитивно карта за инстантно враќање во деведесеттите години. За да бидете целосно впечатливи во овој стил доволно е само да додадете кул наочари за сонце и веќе ја имате добитната комбинација.
Каубојски шешир
Шеширот оваа година се враќа на голема нога и тоа во најдобро издание досега. Веќе голем дел од модните куќи ги збогатија своите колекции со овој моден додаток.
Оваа генерација шешири можете да ја комбинирате дури и со елегантен фустан. Едноставно сѐ ви е дозволено кога е во прашање каубојскиот шешир, само накривете го и веќе сте во мода!
Рибарско капче
Иако делува навистина бизарно, сепак рибарското капче оваа година ќе го доживее врвот на својата популарност.
Моделите и тренд-сетерките веќе почнаа да ги освојуваат улиците збогатувајќи го својот стил со овој додаток. Како изгледаат тие проценете сами:
Беретка
Благодарение на Французинките ова капче нема никогаш да излезе од мода. Како и секоја така и оваа година нема да згрешите ако го извадите од вашиот плакар и гордо го прошетате наоколу.
Супер шик и модерна, беретката е секогаш безбеден избор за секоја сезона, па кога и да ја носите на себе нема да згрешите.
С. У. | Црнобело