4 совети од Французинките како да изгледате секси и заводливо

Зимата е во полн ек, а вие сакате да го издефинирате својот стил!? Дефинитивно нема да погрешите доколку црпите инспирација од божиците на модата - Французинките! Впрочем доволно е само да ги погледнете и веднаш знаете што е шик за оваа сезона.

francuzinkite-spodeluvaat-4-soveti-kako-da-izgledate-seksi-i-zavodlivo-2.jpg

Сепак нивните совети се секогаш брзи и едноставни и што е најважно лесно применливи.

Доколку сакате да се облекувате шик и заводливо, еве што ве советуваат Французинките:

Смокингот е секогаш во мода

Веројатно ќе се согласите дека нема ништо посекси од девојка која носи сако.

Женскиот смокинг во модната индустрија прв го вовел модниот креатор Ив Сен Лоран уште во 60-тите години и според Французинките ова парче облека е секогаш на врвот на модната сцена.

francuzinkite-spodeluvaat-4-soveti-kako-da-izgledate-seksi-i-zavodlivo-3.jpg

Помалку значи повеќе

Речиси секогаш најголем впечаток оставаат малите парчиња облека. Па, не морате многу да комплицирате при изборот, кусо здолниште секогаш може да заврши одлична работа кога е во прашање првиот впечаток.

Сепак Французинките советуваат кусото здолниште да оди во комбинација со ролка, затоа што „помалку“ не значи и „ништо“.

francuzinkite-spodeluvaat-4-soveti-kako-da-izgledate-seksi-i-zavodlivo-4.jpg

Рамните чевли се вашиот најдобар пријател

Верувале или не, рамните чевли се првиот избор на Французинките, не само заради својот конвенционален практичен изглед, туку и поради удобноста.

Секоја жена која што се чувствува удобно во она што го носи на себе зрачи со сексапил и самодоверба.

francuzinkite-spodeluvaat-4-soveti-kako-da-izgledate-seksi-i-zavodlivo-5.jpg

Додадете примамлив детаљ

И најобичната ролка може да изгледа супер во комбинација со креативно изработено ланче или чанта со метално ремче преку вашето рамо.

Одберете детаљ кој ќе ви помогне да го истакнете својот стил на еден сосема поинаков начин.

francuzinkite-spodeluvaat-4-soveti-kako-da-izgledate-seksi-i-zavodlivo-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg