Трикови поради кои Французинките се меѓу најубавите жени во светот
Французинките се префинети дами кои блескаат во секоја доба од животот.
Во книгата „Live Better and Longer“ откриени се некои трикови на Французинките, кои придонесуваат тие да бидат едни од најубавите жени на светот во секоја доба од животот.
Некои работи тие ги прават поинаку од другите жени.
Дел од нивните трикови:
Јадат многу лук
Француската кујна е позната по флексибилноста и длабочината на вкусот. Во неа во големи количини е застапен лукот, кој претставува извор на антиоксиданти и го забавува стареењето.
Тој е и природен антибиотик кој ги намалува воспалителните процеси во телото и превентивно делува врз срцето и крвните садови.
Французинките јадат полека и со уживање, па на тој начин косумираат помалку храна и се повитки.
Купуваат квалитетни очила за сонце
Французинките не штедат на добри очила за сонце затоа што знаат дека тие ја намалуваат опасноста од очни болести.
Најчесто носат широки и големи модели, кои му обезбедуваат максимална заштита на окото. Тоа спречува подзатворање на очите, поради блесокот на сонцето, а со тоа се намалува и појавата на брчки.
Се грижат за своето деколте
Многу дами ја негуваат кожата на лицето и вратот, но забораваат на деколтето. Французинките се свесни дека кожата на овој дел од телото станува тенка и со брчки доколку не ѝ обезбедат соодветна заштита.
Затоа тие редовно користат специјални креми, прават пилинг, а особено внимание посветуваат во летните месеци кога нанесуваат креми со заштитен фактор.
Вежбаат во вода
Тие знаат дека аеробикот во вода бара повеќе напор, а со тоа дава и подобри резултати. Исто така, тој при вежбањето го намалува притисокот во зглобовите и грбот, а водата ви го масира и релаксира целото тело.
Кај Французинките сè попопуларно е и вртењето на статичен велосипед во вода.
Спијат на квалитетни перници
За да останат свежи тие внимаваат на квалитетниот одмор на мускулите и тетивите, а особено оние во пределот на вратот.
Затоа спијат на анатомски и цврсти перници кои му даваат соодветна потпора на горниот дел од телото и спречуваат појава на болки.
Пијат мали количини алкохол
Тие не се налеваат со алкохол, туку пијат мала количина вино во прекрасни чаши. Малите голтки ги држат во устата што подолго и уживаат во вкусот и искуството на пиење.
На тој начин не мора да испијат голема количина алкохол за да се релаксираат.
С. С. | Црнобело