10 важни работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате нова облека
Шопингот за некој е релаксирачко, а за некој прилично стресно искуство. Доколку сте во втората група, овие 10 совети ќе ви го олеснат подновувањето.
Како да не платите многу, а да одберете квалитетна и удобна облека?
1. Кога купувате чевли, внимавајте на флексибилноста
Кога ќе облечете нов пар чевли во продавница, прво проверете ја флексибилноста и дали се склони на виткање и приспособување на чекорот.
Ако имате шанса, пробајте да одите на плочки и на тепих со нив.
Виткајте ги и мрдајте ги прстите – мора да има простор доколку не сакате да ви се вкочанат после половина час.
2. Кога купувате џемпер од кашмир, барајте специфична плетка
Ако сте подготвени да вложите во џемпер од кашмир, вреди внимателно да ја загледате плетката.
Таа треба да има еднакви V преклопувања и да биде од повеќеслојна волна, како на втората слика.
3. Шари кои се поклопуваат
Високо квалитетната облека секогаш ќе се поклопува до линија, колку и да е шарена.
4. Која е совршена должина на фармерки?
Фармерките треба да завршуваат малку под глуждовите. За жените, екстремно тесните фармерки може и да бидат до глуждовите.
За мажите, вистинската должина на фармерки завршува малку над чевлите кои ги носи со нив.
5. Доказ за квалитет - порабувањето
6. Игнорирајте ја големината на етикетата
Секоја продавница си има посебен систем по кој ги утврдува броевите и големините, затоа не им верувајте многу на етикетите. Секогаш пробајте го парчето кое сакате да го купите.
7. Облечете се лесно кога одите во шопинг
Генерално, комфорната облека ви го прави шопингот полесен. Носете панталони и блузи кои лесно се облекуваат и соблекуваат, или пак фустан и туника. Избегнувајте слоевито облекување.
8. Времето кога купувате
Во одредени месеци истата облека е двојно поскапа отколку во други, затоа внимателно. Според сајтовите за шопинг, четврток е најдобар ден за да купите чанта, а понеделник е совршен ден за да купите очила за сонце или елегантни панталони.
Во јануари, најпаметно е да купите одело и зимски капути, бидејќи се на попуст, а на есен е најдобро да купите фармерки.
9. Период на одложување
Не ги купувајте работите кои ви се допаѓаат инстантно, посебно не ако се двоумите. Заминете од продавницата и почекајте неколку дена. Потоа видете дали навистина имате потреба да се вратите.
10. Пресметувајте дали парчето облека се исплати со една формула
Кога се мислите дали нешто се исплати да го купите, ви треба само една формула – „цена по носење.“
Земете ја вкупната цена на производот и поделете ја со деновите во годината колку што ќе го носите.
Според оваа формула, поскапото е секогаш подобро, доколку го носите секојдневно. Во спротивно, избегнувајте да вложувате во нешто што го носите петпати годишно.
М. Д. | Црнобело