Модни бламажи кои ги претрпеа славните дами

Ви се случило ли некогаш набрзина да се средите, а дури подоцна да сфатите дека по грешка сте навлекле искинато парче? Или, пак, облеката да ви откаже послушност на лице место, пукајќи во најлошиот можен миг? 

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-1.png

Незгодите со гардеробата се случуваат секому. Ниту познатите личности не се исклучок.

Дури ни ѕвездите кои сте навикнати да ги гледате во топ издание од глава до пети, не се имуни на вакви „гафови“ во јавноста.

Ви споделуваме неколку модни бламажи на славните дами, со кои ќе сочувствуваат мнозинството жени што се нашле во слична ситуација:

Џенифер Гарнер

Во една прилика, холивудската актерка беше „уловена“ од папараците при одење на шопинг. За жал, она што не остана незабележано од нивните фотоапарати, беше нејзината мала модна незгода. Од фармерките на Џенифер, ѕиркаше работ на скинатите гаќички.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-2.jpg

Елизабет Бенкс

Претесната облека може да биде подеднакво ризична за носење. Тоа со својот пример го докажа глумицата, на која гламурозниот фустан ѝ се распукна кај патентот. Ни помалку, ни повеќе – на престижниот филмски фестивал во Кан.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-3.jpg

Ејми Вилертон

На црвениот тепих немаше среќа ни убавицата Ејми Вилертон, па наместо за нејзиниот прекрасен изглед, медиумите повеќе пишуваа за страничната пукнатина на  фустанот што таа го облече за пригодата.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-4.jpg

Џенифер Лопез

Скинатите хулахопки се „проблем“ со кој секојдневно се соочуваат жените, а го искуси и мегапопуларната Џеј Ло. За време на настап – качена на бина и пред широк аудиториум.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-5.jpg

Кејт Мос

Супермоделот Кејт Мос, пак, максимално ја тестираше издржливоста на својата вечерна тоалета. На прославата од модниот магазин Vogue, таа првин изгледаше како „милион долари“.

Но, после неколку часа журкање, елегантниот црн фустан ѝ беше толку раскинат, што повеќе наликуваше како да преживеала апокалипса.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-6.jpg

Кендал Џенер

На долгоногата Кендал Џенер, само малку ѝ се распараа хеланките. Сепак, будното око на фоторепортерите не замижа ниту пред овој „пропуст“.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-7.jpg

Марија Фаулер

Во моментот кога англиската манекенка Марија Фаулер излегуваше од автомобил, нејзиното мини здолниште се расцепи долж задниот раб, сосема откривајќи ѝ го задникот. Таа се обиде да го прекрие со чантичката, но неуспешно. 

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-8.jpg

Софија Вергара

На слични маки се најде и сексапилната латино заводничка, чијашто свечена креација ѝ откажа послушност дваесетина минути пред подигнувањето награда. За среќа, додека таа да излезе на подиумот, проблемот веќе беше решен.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-9.jpg

Криси Тајген

Белиот фустан на Криси попушти пред нејзините облини, па и онака високиот шлиц ѝ се зголеми за дoполнителни 10 сантиметри. За да го сокрие меѓуножјето, таа исто така ја искористи плик чантичката.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-10.jpg

Лејди Гага

Американската пејачка немаше можност да го поправи, ниту пак да го прикрие процепот на костимот од латекс. Незгодата ја затекна на сцена, додека одржуваше концерт пред публиката.

modni-blamazhi-koi-gi-pretrpea-slavnite-dami-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg