Модата не е само за слаби жени: Плус-сајз блогерка ги руши стереотипите за облекување на дами со облини
Кога станува збор за изгледот, мнозинството девојки се прекритички настроени кон себеси. Па, во морето незадоволни дами, вистинско освежување е да се налета на една жена која со гордост ги носи нејзините пропорции, не оптоварувајќи се со сопствените маани.
Таква е и плус-сајз модната блогерка Verena Prechtl, која не само што изгледа супер во гардеробата што ја носи, туку и се чувствува фантастично во своја кожа. А, неретко и јавно се бунтува против дискриминацијата на луѓето заради дебелината.
Со смелите модни избори, таа им пркоси на стереотипите, поради што е инспирација за мноштво жени ширум светот. Будно ги следи трендовите, докажувајќи дека тие не се резервирани исклучиво за слабите девојки со манекенска градба, туку и за покрупните дами.
Во моментов, на социјалната мрежа ја следат над 50 илјади корисници. Ставот е поважен од изгледот – тврди таа – а има и стилски совети за сите девојки што налик на неа, не се спремни да прават компромиси кога е облекувањето во прашање.
Зборувајќи за фармерките, на жените со вишок на килограми им препорачува да се држат до тесните модели, а да ги избегнуваат оние со прекратки или искинати ногавици, кои никако не ѝ ласкаат на силуетата.
Од актуелните трендови, пак, како личен фаворит ja издвојува кадифенaта облека, која ги слави облините, а особено ги обожува кроевите што ја следат линијата на телото.
Доколку го посетите нејзиниот профил, ќе пронајдете мноштво идеи кои вреди да ги ископирате, независно од градбата.
Од галеријата во продолжение, погледнете дел од комбинациите на плус-сајз блогерката:
М. А. | Црнобело