По вкус на трендсетерките: Фенси комбинации со чизми над колена (фото)
Чизмите кои се протегаат високо над колениците, претставуваат апсолутен тренд во светот и ова студено доба. Покрај тоа што ќе ви биде пријатно и топло, во нив ќе изгледате заводливо и модно освестено.
Полиците во продавниците на луксузните дизајнерски куќи, како и брендовите за висока улична мода, одново изобилуваат со широк избор на високи чизми, кои ќе го задоволат сечиј вкус, а прилегаат на секаков стил.
Од големата понуда, љубителките на класиката ќе се пронајдат во одличните модели на минималистички црни чизми со или без потпетица, додека за посмелите жени, пак, не недостасуваат тие со посебни додатоци и во различни бои.
Чизмите над колена се вистински моден хит и актуелната сезона, а носливи се во сите варијанти и со разноврсни парчиња облека.
Oткако ви претставивме повеќебројни шик начини на кои може да ги комбинирате налик на познатите дами, овојпат побаравме идеи во изгледот на популарните модни блогерки, чиишто аутфити непрестано нѐ воодушевуваат на социјалните мрежи.
Побарајте инспирација во одличните комбинации и ископирајте го стилот на познатите трендсетерки:
М. А. | Црнобело