64-годишна професорка преку ноќ стана модна икона (фото)
Фотографиите на Лин Слејтер се вистински хит на Инстаграм, а таа воодушевува во стилот при секое појавување.
Светот на Инстаграм блогерките е огнен и веќе поимот модна икона нема ограничувања.
64-годишната Лин Слејтер која работи како професорка на Универзитетот Fordham во Њујорк со својот моден стил стана Инстаграм сензација преку ноќ и сега има повеќе од 270.000 следбеници.
Таа и самата себе се нарече „accidental icon“ (ненадејна икона).
Инаку приказната започнала за време на Модната недела во Њујорк кога фотографите ја забележале оваа тренди облечена госпоѓа. Со костим Yohji Yamamoto и Chanel чанта таа им дала впечаток дека е некој виден лик во светот на модата. Тогаш нејзините фотографии се појавиле во медиумите, иако таа не била некој лик од светот на модата.
Во тој миг Лин одлучила да отвори блог во кој ќе промовира мода за жени на нејзини години. Нејзиниот стил ги освоил сите и сега е вистинска модна икона.
Нејзиниот стил е минималистички со шик нота и веруваме дека жените од сите генерации ќе се инспирираат од него:
С. С. | Црнобело