Апсолутен хит на сезоната - топли плетени стегачи за коса (фото)
Повеќе не мора да ги криете волнените стегачи за коса под кацигата за скијање. Модниот додаток што неодоливо потсетува на ’80-тите, оваа сезона се враќа на голема врата.
Топлите дебели стегачи за коса се најчесто изработени од волна со најразлични видови плетки и дезени. Дел од нив се надополнети со бисерчиња, светкави ситни камчиња, машнички и други сјајни додатоци кои ги прават уште повпечатливи.
Најважно е што изгледаат убаво, секому му прилегаат, топлат, а не ја расипуваат фризурата.
Постои ли барем една причина зошто не би купиле мек волнен стегач за коса оваа сезона?
Во секој случај, доколку сте вешти со иглите за плетење и волницата, вие или некој друг, може да си направите и сами:
(О)Милена | Црнобело