10 најчести грешки при изборот на долна облека

Состав на долната облека

Вешот направен од 100% памук е удобен и безбеден за вашето тело и здрваје, но многу брзо се истегнува и ја губи формата, а може и да се искине лесно.

  • Најдобра опција за долна облека е кога составот е мешан со памук и ликра.

10-najchesti-greshki-pri-izborot-na-dolna-obleka-07.jpg

Омилени гаќи

Многу девојки практикуваат да носат танги бидејќи се невидливи и изгледаат секси во нив. Но, по некое правило, тангите најчесто се прават од синтетички материјали кои не и дозволуваат на кожата да дише, а може да предизвикаат и иритации и бактерии.

  • Не носете танга секој ден, туку практикувајте ги само за посебни прилики. Омилени секојдневни гаќи треба да ви бидат оние од поприродни материјали кои се удобни.

10-najchesti-greshki-pri-izborot-na-dolna-obleka-08.jpg

Комбинација на горен и долен дел

Комплетите од долна облека имаат неколку предности – двата дела се направени од исти материјали и одлично ќе ви одговараат, а кога двата дела се во комбинација изгледате многу поженствено и привлечно.

10-najchesti-greshki-pri-izborot-na-dolna-obleka-09.jpg

„Секси“ гаќички за секој ден

Многу девојки грешат кога секојдневно носат гаќи кои повеќе изгледаат скеси отколку удобно, а се направени од матријали како свила и други непријатни материјали. Освен што се неудобни, тие не се добри и за здравјето.

  • Совршена долна облека за секој ден се меките гаќи кои стојат добро и се направени од квалитетни материјали, а одговараат на секаква фигура.

10-najchesti-greshki-pri-izborot-na-dolna-obleka-10.jpg

Долна облека според обликот на телото

За тело во вид на круша, каде поголемиот дел од тежината е лоциран во долните делови од телото, боксериците или чипканите гаќички со широк горен дел кој ќе ги покрие колковите, а ќе ги нагласи бутовите.

10-najchesti-greshki-pri-izborot-na-dolna-obleka-11.jpg

За тело во вид на песочен часовник, или за оние со нормални облини, одличен избор се гаќичките со повисок струк. Нискиот струк не одговара речиси никому и е многу неудобен.

10-najchesti-greshki-pri-izborot-na-dolna-obleka-12.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Зошто славните дами шетаат само по долна облека (и прават тренд од тоа)? Бела Хадид јаде парче пица додека шета по гаќи, Кајли Џенер прошета со долна обл...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg