Ситуации во кои познатите дами беа предотерани за пригодата

Играње тенис во високи потпетици? На некои славни жени не им претставува никаков проблем.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-1.jpg

Во една прилика, мудриот Оскар Вајлд има напишано: „Никогаш не можеш да бидеш премногу дотеран ниту премногу образован.“

Во делот на образованието, сосема се сложуваме. Но, кога е дотерувањето во прашање, баш и не сме сигурни дали навистина е така. Особено ако се свечени тоалети во игра.

Низ годините бевме сведоци на низа прилики, каде изборот на гардероба на славните жени не им беше соодветен за амбиентот. Благо речено.

На пример, при извршувањето општествено корисна работа, манекенката Наоми Кемпбел „изуми“ дека ќе чекори на градскиот асфалт, па на улица се појави облечена како за на модна писта.

На Викторија Бекам, пак, логично ѝ беше да „навива“ на спортските трибини, стилизирана во жешко розово фустанче, скапоцена чанта и екстремно високи потпетици.

Ви ги откриваме ситуациите во кои познатите дами беа предотерани за пригодата:

1. За извршување општествено корисна работа, Наоми Кемпбел одбра впечатлива сребрена тоалета која ѝ се влечеше по улиците. Гламурозната креација е изработка на Versace.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-2.jpg

2. Музичката ѕвезда Мараја Кери си играше со децата во паркче, облечена во тесен бел фустан и црно болеро.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-3.jpg

3. Модната икона Викторија Бекам заигра тенис во чизми со потпетици од 15 сантиметри.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-4.png

4. Поп-пејачката Лејди Гага слета на јапонски аеродром во волуменозен балски фустан и со авангардна шапка на главата.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-5.jpg

5. Викторија Бекам се појави и на фудбалски натпревар, средена од глава до пети. За таа пригода, се одлучи за циклама розово фустанче, потпетици од 15 сантиметри и чанта со кожа од ној.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-6.jpg

6. Во подземната железница, пак, Мараја Кери се возеше со сина свечена тоалета и сребрени штикли.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-7.jpg

7. Селин Дион го напушти хотелот во Париз, со екстравагантна бела креација на Ralph & Russo.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-8.jpg

8. Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, присуствуваше на дневен спортско-хуманитарен настан, стилизирана во син долг фустан за вечерни пригоди.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-9.jpg

9. И Ким Кардашијан играше тенис во чизми со потпетици од 15 сантиметри.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-10.jpg

10. Мараја Кери фрлаше топче на бејзбол натпревар, но наместо со спортска опрема, на теренот излезе во тексас шорц, металик-розова бомбер јакничка и бели сандали со високи потпетици.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-11.jpg

11. Лејди Гага се качи на велосипед, возејќи се во бебешко-розово фустанче и Лубутинки.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-12.jpg

12. А, за шопинг, Селин Дион се прошета во маичка, капут од змиска кожа со потпис на Balmain, како и високи кафеави чизми до бутовите.

situacii-vo-koi-poznatite-dami-bea-predoterani-za-prigodata-13.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно Бел капут со бели чизми, миди здолниште што не ги покрива чизмите - ова се само ...
Луксузен фустан со 1.350 пердуви за ѕвездата на шоуто „Dubai Bling“, од нашиот дизајнер Златко Јован... „Мене ми беше замислен во боја на лаванда, но Фархана Боди се реши за кралско си...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Славни дами кои ископираа аутфити на ѕвезди кои пред повеќе од 10 години ги носеле истите Кога во 2022 година Ким Кардашијан се појави на Met Gala во фустан што далечната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg