Ги има во повеќе бои: Кои се модните фаворити на Кејт Мидлтон?

Доколку некое модно парче премногу ви се допаѓа, или, пак, совршено ви прилега и ласка на фигурата, тогаш не двоумете се, туку купете си го во неколку нијанси. Мнозинството дами ќе се сoгласат дека во добитните формули вреди да се вложува, а и војвотката од Кембриџ е една од нив.

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-1.jpg

Кога е облеката во прашање, Кејт Мидлтон секогаш игра на сигурно.

Доколку знае дека нешто добро функционира во нејзиниот изглед, таа верно се придржува до него.

Затоа, славната дама не се колеба повеќепати да се појави во комбинации што веќе ги носела, а за омилената гардероба си купува и резервна варијанта.

Притоа, доследна е на својот личен стил, а ги почитува и правилата што ги наложува нејзината позиција во британското кралско семејство.

Умерена е и кога станува збор за убавината, па не прави експерименти ниту со шминката или фризурата.

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-2.jpg

Но, постои уште еден детаљ кој можеби не сте го забележале во облекувањето на војвотката од Кембриџ. Таа често купува идентични модни парчиња, во повеќе различни бои.

Од чевлите со потпис на Руперт Сандерсон кои ги поседува во четири нијанси, преку наменски изработените фустани од Емилија Викстед, па сѐ до полежерните креации од Аманда Вејкли, за неколку пригоди Кејт одбра иста комбинација, само во поинаков тон.

Во продолжение, погледнете кои се фаворитите на британската модна икона:

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-3.jpg

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-4.jpg

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-5.jpg

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-6.jpg

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-7.jpg

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-8.jpg

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-9.jpg

gi-ima-vo-povekje-boi-koi-se-modnite-favoriti na-kejt-midlton-10.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
Сите модни изданија на Кејт Мидлтон на Вимблдон, откако се омажи за Вилијам (фото) По дилемата дали Кејт Мидлтон ќе присуствува на годинешниот Вимблдон поради борб...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg