Длабоко деколте, хеланки, чевли со крзно: Модни грешки кои успешните дами не ги прават на работа

Велат облеката не го прави човекот, но вистината е дека таа и тоа како влијае на впечатокот што им го оставате на другите луѓе. Особено на работното место, каде почитувањето на кодексите за строга деловна облека, оддава сериозна и професионална личност.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-1.jpg

Жените кои не водат грижа за својот изглед, односно не внимаваат на тоа што ќе облечат за на работа, малкумина ќе ги доживеат како успешни и важни. Од друга страна, паметните модни избори, честопати може далеку да ве одведат.

Првиот впечаток е значаен, а гардеробата има клучна улога. Поради тоа, од особена важност е да внимавате што носите, односно не носите на работа. Постојат модни парчиња кои треба да ги издвоите само за во слободното време.

А, петте модни грешки кои успешните дами нема никогаш да си ги дозволат на работното место се:

1. Патики и смели обувки

Тајното стилско оружје на успешните жени се класичните чевли и штикли, со кои цврсто чекорат по тлото.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-2.jpg

Освен патики, тие не носат ниту премногу смели и ризични, тренди модели на обувки, како што се чевлите со помпони или крзно.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-3.jpg

2. Неудобна облека

Претесните или транспарентни модни парчиња, односно облеката која мора постојано да ја поместувате или поправате, исто така не е на списокот на успешните жени.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-4.jpg

 Зошто? Затоа што гардеробата не смее да ве деконцентрира на работното место. А, во неудобна облека ќе ви опадне и самодовербата, што негативно ќе се одрази и на работата која ја извршувате.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-5.jpg

3. Нов пар чевли

Обувките кои штотуку сте ги купиле, па уште не сте стигнале ни да ги разгазите, не се воопшто паметен избор за на работа. Работното време вообичаено трае осум часа, но со плускавците и раните кои може да ви предизвикаат во текот на денот, истото ќе ви се чини како цела вечност. Притоа, ќе ви го расипат расположението, а сето внимание ќе ви го пренасочат на болката.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-6.jpg

Затоа, не брзајте да им се „пофалите“ на колешките со најновите чевли во вашата колекција. Првин испробајте ги, а дури потоа обујте ги на работа. Поминете во нив неколку часа надвор, за да видите дали ќе ви бидат доволно комфорни.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-7.jpg

4. Спортска гардероба

Како што наговестува и самиот назив, ваквиот тип на облека е резервиран првенствено за спортски и рекреативни активности. Според тоа, на хеланките, тренерките и дуксерите, дефинитивно не им е место во канцеларијата, каде владеат строгите правила за формално облекување.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-8.jpg

Под услов да не се занимавате со професија што тоа го наложува, никој нема да ве доживее како успешна жена, ако постојано ве гледа облечени во спортски парчиња. Не само во канцеларија, туку и на било кое друго работно место.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-9.jpg

5. Провокативни парчиња

За приватни пригоди и излегувања со друштво, може да носите длабоко деколте, мини здолништа и кратки фустанчиња, колку што ви душа сака. Но, со провокативни парчиња на работното место, можно е да оставите лош впечаток за себеси.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-10.jpg

Наместо дамски, ќе оддадете изглед на жена која ги пречекорува границите на добриот вкус. Воедно, голема е веројатноста и дека ќе им го одвлечете вниманието на колегите од работата.

dlaboko-dekolte-helanki-chevli-so-krzno-modni-greshki-koi-uspeshnite-dami-ne-gi-pravat-na-rabota-11.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg