Моден оброк во сите бои: Уникатна колекција на Dolce & Gabanna за пролет 2018
Познатото модно дизајнерско дуо Dolce & Gabbana, на овогодинешната Модна недела во Милано ја претставија колекцијата за пролет 2018.
Станува збор за шаренолика колекција која се состои од облека и модни додатоци и претставува вистински „моден оброк“.
Италијанските дизајнери биле инспирирани од храната, па решиле тоа да го претстават во уникатна колекција во нивниот препознатлив стил.
Обетки во облик на домати и портокали, долги фустани со принт од ѓевречиња и колачи и чанти со грашок се дел од највпечатливите изгледи на ревијата во Милано.
Колекцијата се состои и од други интересни и оригинални парчиња во многу бои и различни форми, а славните дизајнери и овојпат не ги изоставија нивните омилени цветни мотиви.
Погледнете дел од колекцијата на Dolce & Gabanna за пролет 2018:
М. В. | Црнобело