Топ 10 есенски трендови за модерни мажи (фото)
Доколку сметате дека модната индустрија се врти само околу жените, несомнено грешите. Оваа есенска сезона носи одлични машки трендови кои се подеднакво возбудливи за обата пола.
Се издвојува по нешто буквално за сечиј вкус – од полнети јакни од кои најмногу внимание предизвикуваат „бомбер“ моделите, до јакните со богати крзнени јаки.
Што се однесува до панталоните, оваа сезона се преферираат удобни, широки модели чии ногавици ја следат должината на ногата праволиниски. Во превод, заборавете на тесните „цевка“ фармерки и панталони.
Некласичните сакоа се препознатливи според материјалот, но и бојата, дезенот и интересните детали. За оние кои сакаат полежерен стил, тука се блузоните кои се неколку броја поголеми.
За мажите на кои вечно им е ладно есенската сезона повторно ги враќа на сцената блузите и џемперите со полуролки и високи ролки, а дефинитивно ќе ја почувствуваме носталгијата од ’80-тите и ’90-тите години со карираните кошули и маиците со логоа на познатите брендови од тој временски период.
За впечатлив изглед одберете маици со моќна порака, џемпери со графички дезен, а свилените дезенирани кошули се резревирани за најхрабрите.
Погледнете сликовито што ќе носат мажите оваа сезона:
Полнети ватирани јакни
Јакни со крзнени јаки
Џемпери со графички дезени
Панталони со праволиниски широки ногавици
Некласични сакоа
Маици со натписи и пораки
Преголеми вреќести блузони
Блузи со ролки
Носталгија од ’80-тите и ’90-тите години
Свилени кошули
(О)Милена | Црнобело