Тренд аларм: Колку подолг ремен, толку подобро (фото)
Њујорк, Копенхаген, Милано, трендсетерките ширум светот се вљубени во новиот моден тренд.
Долги, долги ремени, ако допираат до вашите глуждови, па дури и до земјата, тогаш сте направиле вистински моден погодок.
Годинава така ќе изгледаат ремените. Како воопшто да не сте обрнале внимание на изборот на големината кога сте го купувале. Го врзувате и тој виси слободно надолу.
Видовме модели како го промовираат овој тренд на модните писти, но уште поважно веќе го видовме трендот и на улиците, а први кои се одлучија за него од познатите дами беа Џиџи Хадид и Кајли Џенер.
Модните недели во Њујорк и Копенхаген покажаа дека многу трендсетерки сакаат на овој начин сезонава да остават впечаток.
Еве неколку екстра долги ремени кои на лесен начин комбинациите ги прават супер кул:
С. С. | Црнобело