Како изгледале модните ревии на Chanel низ годините?

Во време во кое нови дизајнери никнуваат на секој чекор, да се потсетиме на еден класичен бренд кој постои уште од 1909-та година и никогаш нема изневерено со безвременските парчиња облека. 

kako-izgledale-modnite-revii-na-sanel-niz-godinite-001.jpg

Кога размислуваме за луксуз, гламур и класика, секогаш првото име кое ни доаѓа на ум е Шанел, и тоа не е случајно.

Коко Шанел била родена во 1883-та година и почетокот на брендот датира од 1909-та година кога таа го отворила првиот бутик во Париз. Таа била главен дизајнер за брендот сè до нејзината смрт во 1971-ва година.

Позната е по тоа што направила вистинска револуција во високата мода, со тоа што на жените им ги претставила удобните костими и фустани во време во кое високата мода изобилувала со корсети и опседнатост со тесни половини.

Нејзината репутација се издигнала кога многу француски актерки почнале да ги носат нејзините шешири.

Во 1913-та година таа направила колекција за спортска облека за жени, што исто така било неверојатно необично за тој период. Жените ја обожавале колекцијата, затоа што во периодот на Првата светска војна кога многу мажи војувале, жените ја презела работата по фабрики и други потешки физички работи кои пред тоа не им биле достапни.

Првата Chanel куќа за висока мода била отворена во 1915-та година и оттогаш за многу брзо време станува еден од најпрепознатливите брендови во светот. Многу од тоа се должи на Карл Лагерфелд, ексцентричниот дизајнер кој е познат по неговите кожени ракавици и долга сребрена коса.

Тој успева да искомбинира нови трендови со класата и удобноста на старите оригинални Chanel парчиња. Лагерфилд има цврста визија и успева да го одржи брендот на највисоко ниво.

Кога ќе помислите на Chanel, веднаш ве асоцира на познатите костими како оној што го носеше Џеки Кенеди, на познатиот парфем Шанел No.5 или на чантите со препознатливото Chanel лого.

Секако може на ум да ви падне и кога Марилин Монро сензуално изјави: “Што носам во кревет? Секако, Шанел No.5”

Она со што брендот никогаш не престанува да изненадува се екстравагантните модни шоуа кои ги приредува за секоја нова колекција. Се декорираат огромни сали, учествуваат многу познати топ модели, а славните се „тепаат“ за место на ревиите.

Еве некои од најпознатите модни ревии на Шанел:

Коко Шанел била главен дизајнер за брендот сè до нејзината смрт. Таа е фотографирана со модел пред модната ревија за есен/зима во 1959-та година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 13

Коко Шанел секогаш присуствувала на ревиите и неуморно ги припремала моделите пред почетокот на секое шоу. На ревиите таа можела да биде забележана со цигара во рака и речиси секогаш носела шешир на глава.

Пролет/лето 1962 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 14

Познати дами во првиот ред на модната ревија на Chanel во 1966-та година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 2

Карл Лагерфелд позира со модели на модното шоу на Chanel во 1984 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 3

Наоми Кемпбел на пистата на Chanel во почетокот на '90-тите:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 4

Колекцијата на Chanel за пролет 1991 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 5

Колекцијата на Chanel за есен 1991 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 6

Наоми Кемпбел во Шанел бикини за колекцијата пролет/лето 1993 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 7

Колекцијата на Chanel за пролет/лето 1994 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 8

Познатото шоу на Карл Лагерфелд во кое целосно го промени стандардот на модните ревии во 2008 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 9

Карл Лагерфелд направи цела Chanel куќа за модното шоу во 2009 година:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 10

Во 2015-та година, за модното шоу на Chanel беше креиран цел супермаркет во кој имаше производи со вредност од 12.500 долари:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 11

Во 2016-та година за колекцијата пролет/лето, Chanel направи шоуто да изгледа како секојдневна сцена на аеродром само со многу висока мода:

kako izgledale modnite revii na sanel niz godinite 12

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
Модни комбинации во бела боја кои ќе сакате да ги копирате оваа пролет (фото) Оваа пролет облечете се во бело „од глава до пети“. Со доаѓањето на првите ...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Ревијата на Ивана Кнез беше вистинско уживање: Доминираа секси и храбри креации (фото) Модната дизајнерка Ивана Кнез на Скопскиот Моден Фестивал вчера (03.04.2024) го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg