Springfield есенски трендови '17
Првите есенски трендови се веќе пристигнати во продавниците на Springfield.
Креирајте го идеалниот лежерен изглед за оваа сезона со предлог-парчињата на брендот.
BACK TO CASUAL
Уште една сезона, „колеџ“ стилот е актуелен во есенската колекција на брендот.
Тренди и урбаните парчиња во лежерен стил добиваат ретро изглед, а на моделите преовладуваат црвените, сините и светло кафените нијанси.
Деталите во оваа линија се клучни елементи кои не можат да останат незабележани.
Женствена линија со многу детали во нов и свеж изглед! Палетата на бои содржи црвена и тегет нијанса, кои се комбинираат со светло кафени тонови, присутни на џинс парчињата: фармерки, јакни и фустан-кошули. Главни елементи кои преовладуваат се пругастите шари на кошулите, џемперите и здолништата, збогатени со хералдички амблеми и војнички копчиња.
Парчињата кои не смеете да ги пропуштите: кратко здолниште со поширок крој во пруги и војнички копчиња, џинс со странични вертикални линии, „бомбер“ јакна со контрастни бои на крагната и ракавите.
Идниго бојата без сомневање е главниот елемент во есенската колекција на мажите. Црвената и светло кафените нијанси се појавуваат како клучни бои кои даваат контраст на комбинацијата. Парчињата џинс се со поширок крој и ефекти на распарано или „носено“, додека пак кошулите се достапни во различни материјали, во карирани шари или пруги. Блузоните имаат елементи на готски букви, а јакните се изработени од лесен материјал и чисти линии. Облека за секој ден во урбан и современ стил.
MIX & MATCH
Со доаѓањето на септември, доаѓа нов свет на контрасти во гардеробата на Springfield.
Во овој случај, новите трендови кои ги предлага брендот – контрастни нијанси и комбинацијата на принтови се главни елементи, а деталите се клучни.
Слоевито облекување зазема главна улога во комбинирањето, а јакните го задржуваат вниманието во целосниот изглед.
Карираниот принт, флоралните везови, розовата како контрастна боја и црната како основна, се клучни елементи во женската колекција за оваа нова сезона.
„Гингам“ шарата се појавува на фустаните и кошулите во нова комбинација на бои: светло кафеава и црна. Цветните везови и вештачките кожни елементи се појавуваат на јакните и џинс моделите, како и на здолништата во А-крој. За топол есенски изглед не заборавајте го пончото и розовите крзнени чанти.
Со слична низа на бои како претходната колекција - костенливите нијанси, светло кафената и сината се основните тонови кои преовладуваат на трендовите кои ги налага брендот за овој месец. Блузоните се повпечатливи со новите графички принтови и избледените нијанси на розова и кафена. За релаксиран изглед со доза на урбаност, одберете некој модел на парка или јакна со волна.
Фармерките добиваат поширок крој, а новите чино-панталони се достапни во сиви, сини и беж тонови.
DAILY SMART
Сет од парчиња за „кул“ канцелариски изглед. Новиот концепт кој го разви брендот во оваа линија, секој месец ќе воведува новитети и трендови во машката и женската колекција.
Женската линија се базира на мешавина од сиви и морнарско сини тонови. Како контрастни нијанси се комбинираат розовата и светло сината боја. Како клучни елементи се појавуваат пругасти и карирани шари во посуптилно издание на широките панталони, здолништата и фустаните.
Наборите на здолништата, фустаните и блузите се повторно тренд и оваа сезона, како и ѕвонестите ракави и џемперите со „чокер“ крагни. Истите се комбинираат со други клучни парчиња - моторџиски јакни од превртена кожа, плетени фустани во различни должини и парка-јакни со ваштачко крзно.
Колекцијата за мажи добива поформален изглед, но го задржува лежерниот дух. Палтата се комбинираат над џемперите, а парката над кошулата – новите стилски совети кои ги носи оваа колекција вклучуваат и покласични панталони, „слим фит“ чино панталони и мантили во едноставни бои и карирани шари.