10 парчиња облека заради кои жените нетрпеливо ја чекаат есента

Оваа есен додадете неколку парчиња облека во вашиот гардеробер и оживејте ги вашите комбинации со совети кои ги толкуваат модните дизајнери низ целиот свет.

10-parcinja-obleka-zaradi-koi-zenite-netrpelivo-ja-cekaat-esenta-001.jpg

Со само неколку нови парчиња облека можете вашиот стил целосно да го промените и да се чувствувате како нова личност.

Еве 10 парчиња облека кои ќе посакате да ги имате во вашиот гардеробер оваа есен:

1. Шешири

Шеширот е додаток кој може да ве издвои од топлпата независно дали сте на формален настан или ги извршувате секојдневните обврски. Шеширите се во тренд и оваа есен и ги има во најразлични модели и бои. Се што треба да направите е да го пронајдете стилот кој вам најмногу ќе ви одговара.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 1

2. Чизми над колена

И оваа есен чизмите над колена се популарни. Популарните дизајнери ги комбинираат и во најелегантните изданија. Изборот е поголем од било кога и ги има во најразлични дезени и материјали.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 3

3. Макси фустани

Постои причина зошто толку ги обожаваме макси фустаните. Изгледаат елегантно, лесно се комбинираат, ни оставаат слобода за аксесоари и прават да се чувствуваме важно. Овие фустани се задолжителни за лежерни настани, а можете да ги носите и на романтични средби и бизнис состаноци.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 2

4. Кошули

Кошулите воопшто не изгледаат досадно повеќе. Оваа есен кошулите имаат деликатен изглед а притоа изгледаат премногу комфорно. Овие кошули се многу актуелни, практични и можете да ги носите насекаде.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 4

5. Тренч мантил

Ова класично парче облека ги живее своите 5 минути оваа есен. Со тренч наметката можете да изгледате неверојатно шик без воопшто да се трудите. Перфектно парче облека кое ќе ви ја олесни транзицијата од лето во есен.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 5

6. Проѕирни очила

Најпрво Кендал Џенер и Бела Хадид почнаа да ги носат, а потоа и Снепчет направи филтер посветен на овој тренд. Се повеќе модни брендови дизајнираат очила кои изгледаат многу подобро од оние кои сме навикнати да ги гледаме во оптичките продавници.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 6

7. Корсет колан

Покрај нашата амбивалентност корсет трендот е ин и оваа есен. Најпрво бевме скептични, но потоа го видовме како топ избор на нашите омилени ѕвезди, што значи дека е време да му дадеме шанса или барем да размислиме за тоа.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 7

8. Ранци

Септември отсекогаш бил месец за нови ранци. Сега е време да издвоите буџет за нова апдејтирана луксузна верзија на стариот добар школски ранец. Ако барате чанта во која може да собере буквално се и да ја носите насекаде ранецот ќе биде вашиот омилен тренд.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 8

9. Кратки здолништа со многу ремени и патенти

Кожени, везени, тексас или карирани. Мини здолништата ги има во секаква варијанта оваа есен а додаток се ремените и вишок патенти. Моделите ги обожаваат, а време е да ги додадете и во вашиот гардеробер.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 9

10. Преголеми блузони

Еден од најинтригантните трендови за оваа есен се преголемите блузони. Љубовта на модата кон блузоните во големи пропорции не исчезнува. Блузоните веќе не се само за филмски маратон и мрзеливи денови, сега можете да ги искомбинирате како енергетски додаток на вашата префинета комбинација.

10 parcinja obleka koi ke sakate da gi imate vo vasiot garderober ovaa esen 10

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg