Како да се облекувате како модната блогерка Оливија Палермо?

Класичните бели кошули, храбрите дезени и макси фустаните се дел од омилените модни трикови на модната икона.

besprekorna-modna-ikona-kako-da-se-oblekuvate-kako-olivija-palermo-001.jpg

Од седењето во првите редови на модните недели ширум светот до учеството во низа глобални кампањи, 31-годишната Оливија Палермо стана суперѕвезда во модната индустрија.

Таа има многу улоги како модел, уредник, креативен директор и дизајнер, но најпозната е по нејзиниот беспрекорен стил.

Со гардеробер кој буди завист во очите на секоја жена и око за комбинирање, Оливија лесно стана модна икона за жените ширум светот.

Еве кои се нејзините модни тајни:

Класични бели кошули

Оливија ја знае вредноста на основите. Впечатливите парчиња често ги смирува во комбинација со бела кошула. Едноставно, свежо и паметно!

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 02

Искинати фармерки

Во кежуал пригодите таа обожава релаксирана елеганција, својствена за нејзиниот стил. Неформалниот изглед го постигнува со искинатите фармерки.

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 03

Црни чизми на висока потпетица

Овие шик чизми и се омилени на Палермо. Сериозно модерни, но сепак кежуал, тие се вистинскиот избор.

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 04

Макси фустани

Нејзиниот стил е разновиден, но секогаш има доза елеганција и приземјеност. Начинот на кој ги носи макси фустаните ја покажува нејзината беспрекорност.

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 05

Костими

За специјалните пригоди таа е прекрасна во костими. Трикот да остави моден печат е моќта за правење на стајлингот забавен и женствен со додавање на свои детали.

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 06

Ролки

Палермо обожава џемпери ролки, кои се совршени за студените месеци во Њујорк. Кога сака да изгледа комфорно и шик и да ги заврши секојдневните обврски таа облекува вакво парче.

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 07

Кожени панталони

Малку острина во стајлингот Оливија додава со кожените панталони. Често тие и се првиот избор за во првите редови на модните ревии.

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 08

Црно-бели дезени

Дезените и се омилени на Оливија Палермо. Таа често носи храбри монохроматски принтови.

besprekorna modna ikona kako da se oblekuvate kako olivija palermo 09

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
4-годишно момче од Скопје е модна инспирација на Инстаграм „Инстаграм профилот на Алексеј е креиран од неговото раѓање, а како растеше сам ...
Девојка од Скопје со впечатлив моден стил - обожава црвен кармин и смели комбинации (фото) „Еден период купував само блузони, потоа само деловни комбинации, а последнава г...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg