3 модни парчиња кои треба да ги имате за меѓусезона лето/есен

Преминувањето од лето во есен само по себе е тешко, а времето уште повеќе ни го отежнува целиот процес.

3-modni-parchinja-koi-treba-da-gi-imate-za-megjusezona-01.jpg

Со промената на времето, ладните утра и топли дневни температури, изборот на облека е вистински предизвик.

Секако уште ни е рано да се разделиме од летните фустанчиња, здолништа и сандали, но излозите веќе се полнат со мантили и кратки чизмички.

А, со добра комбинација, ќе успеете да ги носите сите овие парчиња заедно.

За меѓусезона, неопходни ви се овие 3 модни парчиња, а на вас останува правилно да ги искомбинирате:

Мантил

Овој моден класик е секогаш добра инвестиција, бидејќи можете да го носите буквално додека не го уништите. Покрај тоа, одлично може да се комбинира и со есенска и летна облека.

Во потоплите денови облечете го врз краток фустан или шорцеви и додадете малку накит, а во есен врзете марама околу врат и облечете џемперџе или кошула.

3-modni-parchinja-koi-treba-da-gi-imate-za-megjusezona-2.jpg

Кратки чизми

Сигурно имате барем еден пар кратки чизми во гардероберот, бидејќи веќе неколку години по ред тие не излегуваат од мода. Доколку немате, погрижете се да ги имате во овој период на променливо и дождливо време, а комбинирајте го со летен фустан, здолниште или шорцеви.

3-modni-parchinja-koi-treba-da-gi-imate-za-megjusezona-3.jpg

Кожно здолниште

Кожата обично асоцира на поладни месеци, но во комбинација со обична маица по кратки ракави и малку накит, кожното мини здолниште може да биде идеално парче за крајот на летото.

А, кога ќе дојдат поладните денови, маицата заменете ја со потенко џемперче или блуза, сандалите со чизми и подготвени сте за новата сезона.

3-modni-parchinja-koi-treba-da-gi-imate-za-megjusezona-4.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg