Есенски парчиња облека кои мажите треба да ги имаат уште сега

Есента е речиси пред прагот, а дури уште сега се наоѓаат по некои посвежи денови.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-01.jpg

Можеби веќе забележувате дека рано наутро и доцна навечер не можете да излезете само по кратки шорцеви и поло маичка, па затоа треба да бидете подготвени.

Ако ви се потребни идеи за освежување на есенскиот стил, погледнете ги овие парчиња облека кои треба да ги имате уште сега:

Фланел кошула

Овие кошули кои се направени од полесен и помек материјал се сметаат за идеален избор за деновите кога е малку посвежо, но сепак не е ладно.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-02.jpg

Елек

Елеците се едно од најдобрите парчиња облека кога станува збор за слоевити комбинации. Можете да го носите во комбинација со маица по кратки ракави, тенка блуза или кошула. Во зависност од моделот, комбинациите се бесконечни.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-03.jpg

Темни фармерки

За поладните денови, темните фармерки се одличен избор според многуте модни стилисти.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-04.jpg

Тенка блуза по долги ракави

Ова е уште едно парче облека кое е практично за посвежите денови, а според модните стилисти, оние со пруги се најдобар избор. Секако, можете да ги имате во различни дезени и бои и да ги комбинирате со панталони, фармерки, патики итн.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-06.jpg

Забавни чорапи

Ако сте во потрага по суптилни детали кои ќе го збогатат вашиот колоритен стил, изборот на чорапи е од клучно значење. Откачени и по малку ексцентрични, но ќе му дадат на вашиот изглед посебен шмек.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-07.jpg

Чевли

Постои голем избор на чевли за поладните и есенски денови кога не можете да ги носите тенките платнени патики. Можете да ги носите на деловни состаноци, но и во опуштени комбинации.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-08.jpg

Мантил/Јакна

Есента не може да се замисли без тенка јакничка или мантил. Овој модел е тренд секоја сезона – практични се, а и многу модерни.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-09.jpg

Карго панталони

Без разлика колку сакате фармерки, сепак тие не се за секој ден. Сите кафени нијанси се одличен избор за свежите есенски денови, а сега се во тренд и карго панталоните со повеќе џебови.

esenski-parcinja-obleka-koi-mazhite-treba-da-gi-imaat-ushte-sega-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg