Lacoste крокодилот има по три прсти: Како да не купите копија по цена на оригинал?
Секој од нас барем еднаш бил прелажан дека купува оригинал, а платил превисока цена за да добие копија.
Можеби уште не сте свесни дека бикините толку брзо избледеа бидејќи не се Victoria’s Secret и Lacoste маичката се оштети после 3 носења од иста причина.
Како да ги познаете дали купувате оригинал?
Lacoste маичка
Копчињата никогаш не се во иста боја, туку имаат бисерен сјај. Обликот е плоснат и има 2 дупчиња за конецот.
Зелениот крокодил е рачно везен, па пришиен за ткаенината. Се наоѓа на левата страна, во долниот дел доколку се водите по линијата со копчиња. На нозете треба да има 3 видливи прсти и да има црвена уста.
Машките маици имаат странични засеци на долниот дел од околу 1,5 сантиметар. На женските модели не би требало да има засеци.
Victoria’s Secret бикини
Материјалот секогаш мора да биде двослоен, посебно долниот дел.
Костимите за капење на Victoria’s Secret доаѓаат во 5 големини - XS, S, M, L, XL. Копиите обично нудат само S, M и L.
Бојата на етикетата може да биде розова, црна, бела или проѕирна. Земја на потекло обично е Кина или Шри Ланка.
Ray-Ban очила
Материјалот на футролата е рапав, а на копчето е втиснато логото Ray-Ban. Внатрешната страна е обложена со црн велур.
На левото стакло секогаш има изгравирано RB лого, кое не се вади со алкохол, ниту се гребе. На десната страна од надворешната страна секогаш има ласерски нанесено лого.
Converse патики
Гумата на Converse старките никогаш не е пониска од 3 сантиметри. Позади има лого со испишано ALL STAR.
На внатрешноста на јазикот има етикета на која има код од 6 симболи.
Air Max патики
Капсулата со воздух се враќа брзо во првобитната форма. Кај оригиналите лесно ја губи формата.
Гумата од која се направени патиките е квалитетна и никогаш нема силен сјај.
На внатрешноста на јазикот има етикета со 6 цифри, после кои следуваат уште 3 кои ја означуваат бојата.
Christian Louboutin штикли
Оригиналните Лобутинки најлесно се воочуваат ако ги ставите на рамна површина. Ѓонот секогаш лесно ја допира земјата и никогаш нема заоблување нагоре кај прстите.
Материјалот на штиклата никогаш не се двои од материјалот на самата чевла.
Ѓонот секогаш треба да е црвен, мазен и сјаен, со изгравирано лого, испишано Made in Italy и под него големината. Овие информации се секогаш изгравирани, никогаш не се печатени.
М. Д. | Црнобело