Mango и на iPhone
Сите обожавателки на модната куќа Манго, кои во секој момент сакаат да знаат што има во продавниците на популарната шпанска марка, ќе се воодушеват...
...од веста дека од неодамна можат да го имаат Манго, на својот iPhone.
Големата популарност на овој гаџет отвори врата кон малку поинаков пристап на модата.
Со помош на бесплатна апликација можете да дознаете најнови вести за оваа компанија како и да бидете информирани за попустите.
Можете да уживате во виртуелна продавница во која купувате брзо, едноставно и сигурно.
Апликацијата овозможува и upload на сопствени фотографии со кои поедноставно можете да одберете нов стајлинг.
А, за поедноставно да стигнете до било која Манго продавница, Манго – локаторот ќе ви покаже каде се наоѓа најблиската.
Одлично, нели?