20 најубави макси фустани со кои треба да го заокружите летото
Летната сезона полека започнува да го одбројува крајот. Деновите траат пократко, ноќите се продолжуваат и додека температурите малку по малку паѓаат, ова е совршеното време од годината да ги извадиме омилените макси фустани од плакарите.
Навистина нема ниту една причина поради која не би ги сакале макси фустаните. Одговараат на секаков облик на тело, удобни се, лесни за комбинирање.
Совршено се надополнуваат со балетанки, патики, но и со високи потпетици, како и чевли на платформа или со полна пета.
Лелеави и секси и покрај покриеноста на телото, можете да одберете да ја заокружите летната сезона со цветен дезен, еднобоен модел или совршен чипкан бел макси фустан.
Погледнете ги најдобрите 20 модели на макси фустани кои ги одбравме за вас:
(О)Милена | Црнобело