10 грешки кои ги правиме при изборот на летни чевли

Изгледот знае да нè прелаже, посебно кога се работи за чевли. Во лето, изборот на чевли се сведува на тоа дали ни одговараат со новиот фустан или новата кошула и тука грешиме.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-01.jpg

Запомнете дека комфорот е клучен за здравјето на нозете.

И запомнете ги овие 10 грешки кои сигурно ги правите, а треба да престанете:

1. Ремчињата се претесни

Притисокот на стапалата покрај тоа што може да доведе до проблеми со циркулацијата, може да доведе и до оформување на коска до палецот. Исто така, триењето може да предизвика површинско оштетување на кожата и инфекции.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-02.jpg

2. Неудобен пад

Непријатниот пад ви создава притисок во одредени точки на стапалото, што доведува до лоша циркулација, болка во целото тело и неправилно држење.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-03.jpg

3. Подлогата е подолга од стапалото

Претерано долгата подлога на чевлите дефинитивно не е безбедна и секој чекор ви е ризик.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-04.jpg

4. Подлогата е пократка од стапалото

Ако постојано газите со прстите надвор од сандалите, тогаш воопшто не треба да ги носите. На овој начин ризикувате да се повредите.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-05.jpg

5. Чевлите се широки

Како последица, сите мускули на нозете ги стегате и притискате за чевлите да останат на вашите нозе. Тоа може да доведе до деформитети, плускавци, болки во колената и грбот.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-06.jpg

6. Чевлите се неколку броја поголеми

Истото се случува како и кај широките модели. Обидувајќи се да ги задржите на нозе и да не останете боси, ризикувате да се повредите.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-07.jpg

7. Чевли од неприродни материјали

Во лето, посебно е важно да носите природни и квалитетни материјали, бидејќи на температура над 25 степени синтетичките материјали не се трпат најдобро со кожата. Ако се одлучите за евтина синтетика, очекувајте непријатен мирис, плускавци, па дури и чешавица.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-08.jpg

8. Лаковани чевли

Лакованите чевли не им дозволуваат на нозете „да дишат“ и не пропуштаат воздух, па автоматски нозете ви се потат. А, влажната средина е идеална за развој на габи, инфекции и непријатни мириси.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-09.jpg

9. Затворени чевли на боса нога

Во лето, мокасините носете ги со чорапи кои не се видливи. Ова важи и за мажите и жените.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-10.jpg

10. Често носење балетанки

Иако жените ги обожаваат и можат да поминат денови и месеци во нив, сепак не се препорачува да се носат подолго од 1-2 часа дневно. Обично се направени од неквалитетни материјали кои не пропуштаат воздух, а ѓонот е претерано низок и може да доведе до деформитети на ‘рбетот.

Идеално би било доколку ги замените со обувки кои имаат минимална штикла или потпора кај петата, во висина од 2,5 до 4 сантиметри.

10-greski-koi-gi-pravime-pri-izborot-na-letnite-cevli-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
7 трикови со кои ќе создадете илузија на подолги нозе Салонки со шпиц наместо со отворени прсти, чевли на платформа - како со чевлите ...
Модели на чевли што се удобни во лето (и во кои ќе изгледате шик) Ова лето на голема врата се враќаат целосно отворените модели на сандали и на че...
Како најлесно да познаете чевли со лош квалитет во продавница? Проверете дали има остатоци од лепило и не заборавајте да ја проверите внатрешно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg