Патеписи со лелеави фустани: Руска блогерка мами воздишки на Инстаграм (фото)
Нина шета низ целиот свет, а главна улога на нејзините патувачки фотографии немаат знаменитостите, туку преубавите креации што таа ги носи.
Ви здодеаа едните исти, еднолични фотографии од патувањата?
Руската блогерка и танчерка Нина, позната и под псведонимот „Ninelly“, исто така се заситила од добро познатите глетки, па на своето второ патување во Венеција, дошла на одлична идеја.
Наместо повторно да позира пред истите музеи, цркви, улици или останатите туристички атракции, таа се фокусирала на својата гардероба, одбирајќи совршена италијанска комбинација.
Црвеното здолниште го сошила за настап, кошулата ја позајмила од мајка ѝ, а шеширот го купила веднаш по пристигнувањето во Венеција. Тоа била првата во серијата фотографии, со кои на својот блог и на Инстаграм ги раскажува нејзините „приказни со фустани“(#mydressstories).
По Венеција, следувала Црна Гора, па Индија, Израел, Шпанија... А, на секое патување блогерката бира фустани кои на одреден начин ја опишуваат земјата во која се наоѓа.
Дел од фотографиите настануваат спонтано, а некои, пак, самата таа ги планира, како што е сликата од Црна Гора.
Боите на нејзините фустани се секогаш интензивни и впечатливи, а материјалите лелеави, за сè да изгледа што поразиграно и поживописно.
Делата на Нина не се само обични фото-патеписи, туку единствени сцени во кои е тешко да престанете да гледате. Секоја фотографија изгледа подобро од претходната, па следбениците на блогерката со нетрпение ги очекуваат нејзините следни патешествија.
М. А. | Црнобело