Накит за коса – едноставен начин за префинет изглед

Kога одите на забава или на некоја свечена вечера сигурно сакате да изгледате уникатно и впечатливо – накитот за коса е вистинскиот начин за тоа.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-01-1.jpg

За да додадете елеганција и софистицираност на вашиот изглед потребен ви е само накит за коса.

Дури и едноставното црно фустанче на вас ќе изгледа магично, ако ја зачините вашата фризура на овој начин.

Познатите дами го обожаваат накитот за коса за свечени пригоди, па еве неколку интересни идеи од нив.

Кара Делевињ

Кара Делевињ своите руси локни ги закити на неочекуван начин и потегот имаше воодушевувачки ефект.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-01

Шеј Мичел

За да додаде блесок на својата плетенка Шеј Мичел на крајот стави дијамантски прстен.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-02

Ема Вотсон

На една филмска премиера Ема Вотсон имаше едноставна, но ефектна фризура кога под нејзиниот кок додаде неколку сребрени и златни циркони.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-03

Шанел Иман

Стилистката Анита Патриксон креираше уникатен накит специјално за моделот Шанел Иман за Мет Галата.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-04

Рита Ора

Рита Ора накитот за коса го однесе на едно ново ниво со оваа нејзина фризура со бисери.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-05

Фрида Пинто

На Канскиот филмски фестивал Фрида Пинто имаше фризура за паметење со неколку шноли во форма на пеперутки.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-06

Алисон Вилијамс

Цветниот додаток за коса што го носеше Алисон Вилијамс  на Мет Гала никогаш нема да го заборавиме.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-07

Ума Турман

Скриен брош оддолу ја закити лелеавата фризура на Ума Турман.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-08

Ел Фенинг

Ел Фенинг го заокружи својот низок кок со цветен додаток за појавувањето на една филмска премиера.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-09

Зое Салдана

Магијата на еден мал додаток за коса се гледа на фризурата на Зое Салдана за Златните глобуси.

nakit-za-kosa-ednostaven-nachin-za-prefinet-izgled-10

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото) Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победн...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Како да го изберете совршениот костим за капење (според обликот на телото)? Ако имате стомаче и сакате да го скриете, не мора да носите исклучиво едноделни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg