Модни правила со кои ќе изгледате скапо без да трошите многу пари
Модните блогерки на кои сите им се восхитуваме на изгледот, секогаш се прекрасни и некогаш мислиме дека е невозможно да го копираме нивниот стајлинг.
Една од причините за тоа е што нивната облека е најчесто скапа, која повеќето не можат да си ја дозволат.
Но, грешите. Не значи дека треба да потрошите многу пари за да изгледате модерно, само треба правилно да ги избирате парчињата облека.
Внимавајте на поставата
Кога купувате облека проверете ја линијата на парчињата – внатрешноста не треба да виси од никаде и треба да биде добро зашиена за да остане под облеката.
Проверете ја шарата на рабовите
Забележете дали шарата до рабовите се вклопува или изгледа како да е исечена. Не купувајте парчиња со исечена шара, тоа изгледа како да е штедено на материјал и делува евтино.
Превртена кожа
Превртената кожа изгледа поскапо од обичната мазна и вештачка кожа, но бирајте ги парчињата внимателно.
Избегнувајте отворен патент
Отворениот и премногу впечатлив патент изгледа евтино, бидејќи сите негови елементи се познаваат. Бирајте парчиња каде патентот е добро прикриен.
Бирајте шпицести штикли
Заборавете на гломазните штикли со огромна платформа и замене ги со модерни шпицести чевли кои одговараат на секакви пригоди – од канцеларија, до вечерно излегување.
Правете уникатни комбинации
Наместо да бирате комплети во кои ќе изгледате како да сте во униформа, одлучете се за комбинација од различни материјали и бои кои сами ќе ги искомбинирате. И заборавете на изгужвана облека.
Правилно бирајте чанта
Не купувајте чанти со премногу контрастни бои, со впечатливи рабови на кои може да се забележи лошиот крој илки натрупани со непотребни парчиња, детали и реси. Бирајте неутрални бои и едноставни модели.
Не претерувајте со декоративните елементи
Чипката на пример, не е материјал со кој треба цели да се прекриете. Изгледа убаво и скапо, но само како детаљ за впечатлив изглед на некое парче од облеката.
Избегнувајте земјени нијанси
Најдобро е да ги избегнувате темните нијанси од глава до пети. Овие бои брзо избледуваат, па најдобро е да се фокусирате на светлите нијанси и пастелни бои.
Натрупана облека
Избегнувајте бохо и хипи стил со премногу облека која ќе ви биде потешко да ја комбинирате. Држете се до класичниот стил со кој никогаш нема да погрешите.
Додадете златни детали
Одличен начин за да изгледате модерно кога сте облечени едноставно е да додадете златни детали на облеката или златен накит. Изгледот веднаш ќе ви се промени и ќе изгледате како да сте потрошиле повеќе на вашиот стајлинг.
Комбинирање на различни материјали
Ако облечете парчиња од различни материјали и ги вклопите во една комбинација, подобро е да не додавате накит за да не изгледате пренатрупано.
Не ги заборавајте деталите
Внимавајте на деталите на облеката. На пример, на копчињата. Ако се пластични, тие може брзо да се оштетат и тоа да го забележуваат сите, а ако се метални може да фатат ‘рѓа – овие детали значат неквалитет.
Одберете бело
Понекогаш можете да си дозволите да се облечете во бело од глава до пети. Со тој изглед никогаш нема да погрешите, а никој нема да може да забележи дали ве чинело 10 или 100 евра.
Трошете рационално
Трошете пари на облеката што ја носите почесно – маици, панталони и кошули, наместо да фрлате пари на елегантни фустани кои ги носите многу ретко, а секојдневната облека повторно да ви изгледа евтино.
М. М. | Црнобело