Тренд: Асиметричното е новото класично (фото)

Креативноста на дизајнерите е огромна, па така досега сме виделе многу трендови и ако тргнеме во потрага по инспирација од модните писти дефинитивно нема да се разочараме.

trend-asimetrichnoto-e-novoto-klasichno-foto-01

Секоја сезона носи изненадувања, а особено големи ни донесе оваа пролет/лето 2017. И тоа не само со сосема нови парчиња, кои досега ги немаме видено, туку и со стари надополнети на уникатен начин.

Класичните парчиња облека овојпат се надополнети со чудни јазли и дупки на неочекувани места, потоа имаме топови со впечатливи отсечоци, кошули на врзување, здолништа со чудни завршетоци, волумен на неочекувани места, односно тренди е сė што изгледа асиметрично.

trend-asimetrichnoto-e-novoto-klasichno-foto-02

Модните блогерки полудеа по овој тренд. Тие советуваат овие уникатни парчиња облека да ги комбинирате со омилените фармерки, со палто, шорцеви или со што било од вашиот гардеробер.

Ова лето сторете го неочекуваното, па осмелете се да облечете кошула со еден ракав. Од едната страна изгледајте добро, а од другата уште подобро.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
7 парчиња летна облека кои изгледаат подобро на куклите во излог, отколку на нас Плетени парчиња летна облека, капри панталони - што изгледа подобро на куклите в...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
10 парчиња облека и чевли кои треба да престанете да ги купувате Едни парчиња облека се непрактични, други делуваат смешно, а има и такви кои се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg