Зошто жените од британското кралско семејство се облекуваат исто со години?

Кралиците и принцезите од британското кралско семејство изгледаат секогаш беспрекорно, а неретко земаат идеи од претходните генерации.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-001.jpg

Бидејќи мораат да почитуваат одреден дрес код, женските припаднички на кралското семејство често се облекуваат идентично, со минимални промени.

Но, како успеваат да се облекуваат исто со години, а сепак да изгледаат модерно?

Тајните на вечно модерниот кралски стил се следниве:

Црвено + црно

Оваа комбинација никогаш не излегува од мода, потребни се само соодветни аксесоари.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-01.jpg

Капи

Еден од симболите дека сте дел од кралското семејство дефинитивно се капите и шеширите. Тука нема строги правила за модели и бои, важно е да симболизираат елеганција.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-02.jpg

Капут и фустан во иста боја

Уште еден стилски трик кој се користи во монархијата. Фустаните и капутите обично се во иста боја, во лето претежно во пастелни и нежни тонови, а во зима акцент се става на „богатите“ бои како темно сина, зелена и бургунди.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-03.jpg

Дводелен костим

Идеален избор за сите формални појавувања. Стои на сечија возраст и фигура, па затоа е најсигурен и најпристоен избор.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-04.jpg

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-05.jpg

Ракавици

Уште еден детаљ кој укажува на префинетост.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-06.jpg

Накит

Кралскиот накит обично вклучува бисери, големи брошови, впечатливи обетки и секако – скапи веренички прстени.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-07.jpg

Чевли

Чевлите без исклучок се комбинираат со чантата. Исто така, ретко ќе видите некоја кралица или принцеза да носи отворени сандали. Затворените, класични салонки се честиот избор.

zosto-zenite-od-britanskoto-kralsko-semejstvo-se-oblekuvaat-isto-so-godini-08.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

40 идеи за аутфити за матурантките кои не знаат што да носат Долги, свечени фустани, кратки, впечатливи фустани или покежуал варијанти со пан...
14 идеи како да комбинирате мини здолниште во септември 2024 (фото) Мини здолништата повторно се враќаат во мода, а овој септември, без оглед на тем...
Следењето модни трендови е вистински предизвик (низ 14 реални илустрации) Модата се движи во циклуси, па работите кои беа модерни во времето на нашите дед...
Бои на облека кои најмногу одговараат на бринети: 5 победнички опции Бои кои ќе ја истакнат вашата природна убавина и боја на коса, а со кои ќе изгле...
8 типови накит кои го уништуваат и најмодерниот стајлинг (и ве прават постари) Грешка бр. 1 – Поцрнет метален накит, кој прави да изгледате застарено. Грешка б...
Парчиња накит кои ќе бидат вистински хит во 2024-та (фото) Накитот има посебна магија - ќе ви го дополни изгледот, ќе ви ја развесели секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg