30 најгламурозни изданија на Џенифер Лопез на црвениот тепих
По многу години блескање на црвениот тепих со прекрасниот изглед и одлични комбинации, Џенифер Лопез ја заслужи титулата - една од најгламурозните холивудски ѕвезди.
Пејачката, актерка и дизајнерка, постојано нѐ воодушевува со софистицираните вечерни тоалети на црвениот тепих, но и со впечатливите мини фустанчиња.
Таа ги мамеше погледите на Мет Гала 2017, каде се појави во креација на Валентино со бебешко сина боја. На Златните глобуси 2015-та, Џеј Ло беше златна божица во фустан од Зухаир Мурад, а пак на Златните глобуси 2016-та се одлучи за жолта тоалета од Џамбатиста Вали.
На Греми наградите 2017-та, носеше провокативен виолетов фустан со висок шлиц и на секој од овие настани е една од најфотографираните ѕвезди.
Овие нејзини гламурозни изданија никогаш нема да ги заборавиме:
С. С. | Црнобело