Најпознатите слики на легендарниот супермодел Џија Каранџи

Пред Наоми Кембел, Синди Крафорд и Кејт Мос, постоеше Џија Каранџи. Сите ја знаете Џија од истоимениот филм во кој беше портретиран животот на преубавиот модел. Таа е позната по својата контроверзност, затоа што е еден од првите супермодели што ја признава својата бисексуалност и што толку јавно пропаѓа пред очите на јавноста поради својот проблем со дрогата.

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-1

Нејзината убавина била уникатна и таа била многу различна од сите модели во тој период кои изгледале како копија едни на други со својата руса коса и сини очи. Нешто по што била најпопуларна Џија, била нејзината храброст пред камерите. Таа уште на самиот почеток на нејзината кариера прави фотосесија во која е сликана целосно гола и изгледа како да се чувствува доста удобно во своја кожа.

Убавицата била на насловна страна на многу списанија како Вог и Космополитан, а исто така и била муза на многу дизајнери како Армани, Диор, Версаче и Ив Сен Лорен.

За жал, познатиот модел немаше среќен крај на животот. Трагично почина после долга борба со зависност од хероин од што и ја доби болеста сида која и го одзема животот. Таа почина на само 26-годишна возраст.

Еве неколку од нејзините најпознати слики:

На насловна страна на Вог списанието во 1980 година

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-2

На насловна страна на Космополитан списанието во 1982 година

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-3

На насловна страна на Космополитан во 1979 година

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-4

Фотосесија за Вог во 1978 година

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-5

Фотосесијата која ја прослави

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-6

Џија Каранџи во фотосесија за Ив Сен Лорен 1979

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-7

Џија во фотосесија за Вог

najpoznatite-sliki-na-legendarniot-supermodel-dzia-karandzi-8

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...
Папучите на Hermes се вистински летeн хит – каде може да купите поевтини копии? Не мора да дадете 800 евра за да ги носите најмодерните папучи за ова лето... Ко...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
8 модели на чевли кои се соодветни за на работа (+ кои не треба никогаш да ги носите) Ако сте од оние кои истите чевли во кои излегуваат навечер, ги користат и за на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg