Бидете забележани и запаметени со Fashion&Friends и Bata

Mесец мај е познат по оддржувањето на матурските и апсолвентските прослави, а тие пригоди налагаат одреден изглед и кодекс на облекување. За ваквите свечености одвоивме неколку парчиња со кои ќе бидете забележани и запаметени.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-001.jpg

GUESS

Црната боја е секогаш правилен избор кога се во прашање свечените настани. Ќе изгледате елегантно дури и во фустан со едноставен крој.

Малиот црн фустан – безвременско парче кое мора да има место во вашиот плакар. Проѕирни материјали, златни детали, без или со ракави, на едно рамо, металик сјај – разновидни фустани за секаков тип на девојки со различен стил!

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-1.png

REPLAY и SCOTCH&SODA

Изгледот за момците секогаш вклучува сако и кошула, но одлучете се овие парчиња да бидат во посмели бои и шари. Цветните мотиви се идеални за овој период, а Replay ги има најинтересните дезени. Комбинирајте ги со едноставни чино-панталони - ова парче никогаш не излегува од мода. Дизајнот и стилот на палтата од Scotch&Soda е безвременски и секогаш е надополнет со шик модни додатоци како џебно марамче или украс на реверот, со кое ќе се издвоите од останатите.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-2.jpg

Чевли од BATA

Најчесто чевлите на високи потпетици кои најмногу ни се допаѓаат и кои се најуникатни се неудобни, но тоа веќе не е проблем со моделите на Bata. Благодарение на Insolia технологијата ќе имате подобро држење на телото, распределување на тежината на целото стапало, баланс, а што е најважно, истите ќе можете да ги носите три до четири пати подолго од вообичаено и безгрижно да играте на подиум.

Од колекцијата со оваа технологија можете да најдете голем избор на обувки – сандали, обувки на платформа, „стилето“ обувки и други модели за секој тип на девојка и секаков стил на облека. За матурската прослава одлучете се за некој посвечен модел на сандали со златест или среберен сјај. Моделите во пастелни нијанси се неизбежни оваа сезона.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-3.jpg

Момците никогаш нема да погрешат во изборот на Дерби чевли или „Оксфордки“. Bata ги има најстилските и најмодерни италијански модели, кои сигурно ќе ја разубаваат и ќе ја направат поелегантна комбинацијата. Одлучете се за чевли со „брог“ дезен за да добиете ретро-шмек. Мокасините и поелегантните патики се иделани доколку се одлучите за полежерна комбинација, но во која истовремено ќе бидете впечатливи.

bidete-zabelezani-i-zapameteni-so-fashion-friends-i-bata-4.jpg

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg