Зошто Кендал и Кајли Џенер секогаш се облекуваат како близначки?
Од појавувања на црвениот тепих до секојдневни излегувања, сигурно досега сте забележале на фотографиите, дека Кендал и Кајли Џенер секогаш носат исти, ако не координирани парчиња облека.
Што мислите, случајно?
Не. Многу често сестрите намерно планираат да носат иста или барем слична облека. Нивната стилистка, Моника Роуз, тоа го потврдува и вели дека сестрите често се облекуваат во иста палета на бои за да не се судира нивниот изглед кога се фотографираат заедно.
„Понекогаш кога работам со Кендал и Кајли и заедно одат на некој настан, сакаат да бидат слични. Дури и во минатото прашуваа: А, што ќе носи сестра ми?“.
Но, дури и кога носат слични парчиња, нивната стилистка се обидува да ја одрази нивната индивидуалност.
Инаку, Кендал, често се координира и со нејзината најдобра пријателка Џиџи Хадид, но Моника Роуз тврди дека тоа е сосема случајно.
Н. Г. | Црнобело