Блузата која Кејт Мидлтон со години не ја соблекува (фото)
Секако можеме да потврдиме дека Кејт Мидлтон има кралска гардероба - од прекрасен накит до вечерни фустани со потпис од престижните модни куќи, до луксузни капути, одела...
Но, како и секоја жена, така и Кејт се потпира на едно секојдневно парче облека кое знае дека никогаш нема „да ја изневери“.
Кога е во прашање соочувањето со секојдневните обврски, Кејт елегантната облека ја заменува со удобната маичка со пруги. Имено, овој тип на маица го носи веќе со години.
Војвотката од Кембриџ се потпира на проверената секојдневна комбинација која се состои од фармерки, чевли со рамна или полна пета и маичка со пруги.
Без разлика на тоа дали е од брендот Luisa Spagnoli или трите маички со разни бои од ME + EM или оние од модната куќа Ralph Lauren, Кејт никогаш нема погрешено со овој избор:
Н. Г. | Црнобело