Најпопуларниот невестински фустан на Инстаграм (фото)
Индонезиска невеста со бајковитиот фустан кој го носела на својата свадба, на Инстаграм ги полуде сите вљубеници во модата.
Моментално нејзиниот фустан важи за еден од најспектакуларните во историјата на невестите, но и за најлајкуван и најсподелуван.
Интан Азахра го кажала судбоносното да минатиот месец, во венчаница која потсетува на Пепелашка, дизајниран од индонезиски дизајнер Иван Ганавеј.
Оттогаш, венчаницата, а воедно и невестата, ужива огромна популарност на Инстаграм.
Во текот на церемонијата невестата променила уште еден фустан, овојпат црвен, меѓутоа иако е гламурозен и раскошен, не ги доби симпатиите како првиот.
М. Д. | Црнобело