6 прашања кои треба да си ги поставите при купувањето нова облека

Брзи сте во шопингот, а парите ги трошите како да не постои утре? Забавете малку. За да бидете професионалец во купувањето, потребно е да го преиспитате изборот на секое ново модно парче.

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-1.jpg

Колку и да е убаво да имате полн гардеробер, ако повеќето работи не ги носите бидејќи не ви стојат, не се ваша големина или немате со што да ги искомбинирате, тоа значи дека нешто правите погрешно.

Доколку сакате конечно да го средите својот плакар и секогаш бидете извонредно облечени, време е да ги надградите своите шопинг вештини.

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-2.jpg

Следниот пат кога ќе посакате нешто да си купите, најпрво поставете си ги овие 6 прашања, а ако не можете да одговорите на барем 5 од нив, вратете ја картичката во паричникот и однесувајте се како ништо да не се случило.

1. Му прилега ли ова парче на мојот тип на градба?

Не е важно дали се работи за парче облека или пар чевли. Доколку нешто не ви ласка на фигурата, немојте ни да го купувате.

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-3.jpg

2. Можам ли да набројам барем 3 различни прилики во кои ќе го носам?

Си купувате проѕирна наметка со светки, само затоа што се замислувате во неа на свеченоста, на која најверојатно не ќе може да одите? Ќе заврши во ист кош со розовата бунда, гладијаторките што ви ги достигнуваат бедрата, или, пак, костимот за капење кој премногу открива... Во одделот: купени, а никогаш облечени работи.

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-4.jpg

3. Може ли да се искомбинира со најмалку 3 парчиња облека кои веќе ги имам? Со јакна, чанта и барем 2 пара обувки?

Кога купувате ново парче, направете си во глава комбинации со облеката и модните детали кои веќе ги поседувате. Во овој мал трик лежи темелот на добрата гардероба. Под услов да не станува збор за фустан за венчавката или матурската вечер, ќе се спасите од натрупувањето облека која никогаш нема да ја носите.

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-5.jpg

4. Ми се допаѓа ли навистина?

...или само слепо ги следам трендовите, кои за неколку месеци веќе нема да бидат во мода.

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-6.jpg

5. Каков материјал е во прашање?

Факт е дека за смешна сума на пари, денес може да си купите изобилство од модни парчиња. Сепак, без оглед на тоа, доколку сакате да бидете убаво облечени, секогаш давајте им предност на парчињата кои се изработени од квалитетни материјали.

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-7.jpg

6. Го купувам ли само поради адреналинот од шопинг?

Познато ви е чувството на ентузијазам, кога со новото парче во дланките ќе се упатите кон касата? Или на задоволство, кога сте зграбиле еден куп работи кои се на распродажба? Поради зависноста од шопинг и краткотрајната возбуда, многу често купуваме нешта кои реално и не ни се потребни. Научете се да ги скротите страстите!

6-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-pri-kupuvanjeto-nova-obleka-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
9 совети со кои ќе изгледате како „милион долари“ (без да потрошите многу пари) Плетен џемпер со V-отвор на линии, кафена чанта за секоја комбинација - некои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg