30 мини фустани во кои ќе се вљубат идните матурантки

На секоја девојка која оваа пролет ќе ја слави својата матура, првата мисла која им поминува низ главата е: „Што да облечам?“.

pocnete-da-planirate-navreme-30-idei-za-da-zableskate-na-maturskata-vecer-01.jpg

Одговорот секако дека подразбира да одберете совршен фустан или можеби некоја друга модна комбинација, да одберете накит и шминка и најважно, чевли со кои ќе можете да танцувате до доцна во ноќта.

Ако немате некаква инспирација, ние ќе ви помогнеме да дојдете до идеа како полесно да одберете идеален изглед.

Предлозите се непресушни, можете да одберете модерен стил или шик бохо фустан или пак да се одлучите за класичните црни и бели фустани кои се одличен избор за секој ден.

Без разлика на тоа за што ќе се одлучите, имајте на ум дека најважно е да се чувствувате самоуверено.

Класичен бел фустан

Белата боја која симболизира чистота и невиност, најчесто се одбира за венчавка, но исто така се носи и во други свечени прилики. Па според тоа, малиот бел фустан е одличен избор за матурската вечер.

Можете да одберете фустан со тантела, бел фустан во бохо стил или плисирано мини здолниште во комбинација со бела маичка.

Белиот фустан најдобро е да го комбинирате со високи потпетици или балетанки со металик нијанси или пак, со пастелни нијанси.

Тренди комплет

За матурите вообичаено се одбира фустан, но тоа не значи дека морате да одберете баш фустан. Пример, можете да одберете здолниште комбинирано со кошула или кратка маичка.

Риги и цветови

Ако еднобојните фустани не се ваш избор, тогаш можете да одберете фустан со цветен принт или геометриски обрасци. Одлична комбинација се цветните принтови.

Фустани со силни бои

Пролетта и матурската вечер се одлична можност да одберете ведри и силни бои, дури и неонски и да изгледате одлично.

Пастелни фустани

Пастелните фустани се одраз на елеганција и добар стил, а пролетта е вистинско време да одберете пастелно розови или зелени нијанси. Оние од лесни материјали посебно ќе ја нагласат младешката убавина.

Мал црн фустан

Малиот црн фустан е класичен и токму затоа, секогаш е добар избор. Не е ни чудно што Кристијан Диор го прогласи малиот црн фустан за есенцијално парче во секој женски гардеробер.

Погледнете ја нашата галерија и пронајдете ја својата идеја за совршен матурски изглед:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исти фустани кои им стојат сосема поинаку на моделите и славните дами (фото) Од Кајли Џенер и Ема Вотсон, до Жилиет Бинош и Пријанка Чопра - некои фустани од...
10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
10 работи за плажа без кои модерните дами не одат на одмор Рибарската шапка сега е помодерна од класичните шешири, шик сандали наместо обич...
Долги нозе, гради во преден план – Што облекоа познатите дами на ревиите од Модната недела во Париз? Кендал Џенер се појави закопчана до врат, а сестра ѝ Кајли носеше фустан со смел...
Познати дами во фустани кои одземаат здив кога ќе се свртат со грб Алесандра Амбросио, Хајди Клум, Ирина Шајк се само дел од дамите кои секогаш нè ...
Елена Најдоски одржа модна лекција: Како да ја комбинирате белата боја и во зима? Бел фустан искомбиниран со црна панделка, бел костум и бела блуза со крем капут....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg