За женствена пролет: Како да носите чипка и изгледате модерно?

Чипката е секогаш во мода, но секоја сезона ја носиме на малку поинаков начин.

za-zhenstvena-prolet-kako-da-nosite-chipka-i-izgledate-moderno-1.jpg

Чипката е материјал кој се смета за безвременски, женствен и префинет. Оваа отмена ткаенина е со богата историја, а на најдобар можен начин го одразува стилот на жената.

Денес, чипката ја има речиси насекаде. Mошне често се користи за украсување на гардеробата, долната облека, па дури и за декорирање на ентериерот.

Облеката од чипка е сензуална и ви овозможува да изгледате секси, но на заводлив и софистициран начин. Модните додатоци исто така ќе уживаат „чипкаст третман“ претстојната сезона.

Кога бирате парчиња од чипка, без оглед на тоа дали станува збор за облека, или, пак, за модни додатоци, користете ја во умерени дози.

Поради нејзината богата текстура, не треба да претерувате со чипката. Чипканото парче треба да биде општа, централна точка на вашиот изглед.

Постојат безброј начини на кои можете да ја носите облеката од чипка. Ние, пак, ви откриваме неколку варијанти со кои сигурно нема да погрешите оваа пролет.

Погледнете ги предлозите во галеријата и инспланирајте си ја следната модна комбинација:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Чести модни грешки со кои (несвесно) си го уништуваме целиот изглед Долна облека која „ѕирка“, спортски чевли на свечени настани, слепо следење трен...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg