Модна инспирација: Како да носите корсет-каиш?
Оваа сезона, истакнете го струкот и изгледајте женствено, модерно и уникатно на градските улици.
Постојат трендови кои мошне лесно може да ги прилагодите на сопствената рутина на облекување, стилот и при комбинирањето на парчињата облека. Но, постојат и такви кои е малку потешко да ги вметнете во секојдневието, како што е и корсет-каишот.
Трендсетерките и светските ѕвезди одлучија да го зачинат својот изглед со интересните широки појаси и корсети за топлите денови. Каишите од кожа, скај или платно, тие ги носат врз фустанот, обичните памучни маици, кошули или мантили.
Преку уличната мода, трендот допре и до големите модни куќи, кои претставија мноштво комбинации на своите ревии, токму со овој аксесоар.
Во продолжение, пак, ви откриваме како модерните дами ги носат широките корсет-каиши во текот на сончевата сезона. Нашата галерија е полна со модни инспирации за сечиј вкус.
Која е вашиот добитен избор?
М. А. | Црнобело