Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 совети за облекување

7-soveti-za-oblekuvanje-povekjeДевојките секогаш имаат проблем – што да облечат! Со часови поминати пред плакарот и пред огледалото, расфрлена облека на сите страни, а зошто?

 

Поедноставете си го животот со овие мали совети за облекување.

7-soveti-za-oblekuvanje

1. Можете да се облечете и за помалку пари. Девојките кои имаат помал буџет не мора да се облекуваат помалку модерно.

И дизајнерска облека може да се најде на распродажба по пониски цени, но и обична, квалитетна и супер модерна. Барем денес има избор и кај нас.

2. Иста облека може да се носи во различни прилики. Кога купувате некое парче размислете за комбинациите во кои може да го носите, т.е. модните додатоци кои одат со него.

Ако немате барем 3 разни комбинации, размислете уште еднаш дали вреди да го купите и дали се вклопува во вашиот стил.

3. Облекувајте се според приликата, но и според тоа како се чувствувате. Ако се чувствувате заводливо – така и облечете се.

4. Облекувајте се како ниту една друга жена порано. Обидете се да направите сопствен стил со уникатни комбинации. Денес се е дозволено!

5. Не морате секогаш да бидете скоцкани. Секако дека секогаш треба да сте уредни, но слободно облеете и лежерна спортска облека.

6. Фустаните не се само за вечерно излегување. Многу мажи се воодушевени од девојките кои носат дневни фустанчиња. Тие се удобни и практични.

7. Прилагодете ја облеката на своето тело. Истакнете го она што е најдобро на вас, а прекријте ги недостатоците. Ако немате инспирација, пролистајте ги списанијата.

Би можело да ве интересира:

Венчаници што ѕвездите го носеа на филм vs. на својата свадба Колку се разликуваат венчаниците што ги носат ѕвездите во филмовите, наспроти он...
7 највпечатливи филмски костими за капење: Култни парчиња кои се модерни и денес Бонд девојки, спасувачки на плажа, Чарлиеви ангели... заедничко за сите нив е шт...
8 модни додатоци кои Французинките ги носат поинаку од другите жени Иако повеќето стилисти ќе ви кажат дека златото не оди со сребро, Французинките ...
Тексас јакни, рибарски шапки и уште 6 модни трендови од 90-тите кои се вратија во мода Кроп-топ за речиси секакви пригоди, слип фустани соодветно искомбинирани, тексас...
Како најлесно да познаете чевли со лош квалитет во продавница? Проверете дали има остатоци од лепило и не заборавајте да ја проверите внатрешно...
7 модни трендови што ќе ги гледаме насекаде во 2025-та + предлог комбинации Животинскиот принт не излегува од мода, а истото важи и за комбинациите со патик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg