4 модни катастрофи кои сите ги забележуваат
Мислите дека никој не ги забележува? Можеби вам не ви изгледа така, но често сте предмет на детална „анализа“ на случајните минувачи.
Признајте, понекогаш ви е забавно да ги „скенирате“ модните комбинации на случајните минувачи низ градските улици. Тогаш, зошто би мислеле дека и вие самите не сте предмет на нечија детална „анализа“?
Постојат модни грешки кои би ги забележале само врвните стилисти. Но, постојат и модни катастрофи кои ги забележуваат буквално сите:
1. Прерамките од градникот
Бојата на вашиот градник, ниту ги интересира, ниту, пак, треба да им ја покажувате на другите луѓе. Едно од најстрогите правила во модниот бонтон гласи: прерамките од градникот никогаш не треба да „ѕиркаат“ под маицата, блузата или фустанот. За таа намена, постојат соодветни алтернативи без прерамки.
2. Долна облека која се оцртува
Еден од најгоглемите модни предизвици е сигурно пронаоѓањето совршен пар панталони или фармерки. Сепак, верувајте дека вашиот труд ќе се исплати на крајот. Покрај тоа што најдобро ќе ви ја истакнат линијата на телото, ќе го избегнете и еден од најчестите проблеми - видливиот раб на долната облека. Невкусно е секому да му го откриете кројот и позицијата на гаќичките, зар не?
3. Премала облека
Без оглед на тоа дали парчето кое едвај сте го облекле (а уверени сте дека совршено ви прилега на фигурата) е кошула, фустан или фармерки, сите ќе забележат дека она што го носите на себе е (пре)мало. Воедно, претесните панталони во прв план ќе ги стават масните наслаги на стомакот, а не убавите нозе.
4. Валкани обувки
Не, колку и да се убедувате дека не е потребно секојдневно да ги чистите чевлите, никој не ужива гледајќи ги вашите чевлички - скитнички. Жал ни е, но така е.
М. А. | Црнобело