Пролетен тренд: Миди здолниште со цветен дезен
За сите вљубенички во здолништата со средна должина, омилените модни парчиња ќе доживеат „процут“ претстојната пролет.
Ако сакате да ја изразите својата женствена страна, бидете во тренд и изгледате убаво во текот на топлата сезона, миди здолништата се полн погодок. Достапни се во мноштво стилови, текстури и кроеви, а оваа пролет, најпопуларни ќе бидат миди моделите со цветни дезени.
Без оглед на висината, здолништата со средна должина им прилегаат на сите дами, но потребно е да знаете како да ги носите. Доколку сте пониски, стилистите препорачуваат да ги облечете во комбинација со високи потпетици, сеедно дали тоа ќе бидат салонки, сандали или получизми.
Покрај тоа што ќе ја освежи и даде прекрасна пролетна нота на секоја комбинација, овој модел на здолниште можете да го вклопите за секакви варијанти и широк спектар на пригоди. За што пооригинален изглед, одлучете се да ги споите миди здолништата со атрактивни модни детали, како впечатливи чевли, чанта или накит.
Во продолжение, ви откриваме неколку шик и стилски предлози за таа намена. Романтични, елегантни или игриви – изборот е ваш!
М. А. | Црнобело