3 незаменливи парчиња облека кои треба да ги имате во гардероберот на пролет
Како навлеговме во месец март, така започнавме со пролетните подготовки. Денот е поголем па и ние порасположени. Иако пролетта е на прагот, сепак температурните разлики овој период се најпроменливи. Од таа причина потребно да се подготвите.
За побрзо да се адаптирате на темпераментниот карактер на временската прогноза, ние ќе ви дадеме три предлог парчиња облека кои дефинитивно ќе станат омилен дел од вашиот неделен аутфит.
Мантилот е навистина одличен избор кога ви е премногу топло со капутот, а ладно без него. Без гајле, со мантилот никогаш нема да ја утнете модата.
Фармерките до „глужд“ се токму она што ви е потребно кога сте во меѓусезона. Не е доволно топло за да облечете куси пантолони, но затоа нема ништо да пречи доколку ги извадите зглобчињата на виделина.
Кожните оксфордки се вистинска сензација периодов. Не се напорни за вашата нога, а се нешто измеѓу балетанка и чизма што одлично одговара на претстојната сезона.
С. У. | Црнобело